Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

(ГАЛЕРИЈА) Концертот на Ерос Рамацоти ќе се памети


Долгоочекуваниот концерт на италијанската поп-ѕвезда Ерос Рамацоти, конечно се реализираше вчера во Скопје. Солидно исполнетата А1 – арена со нетрпение го очекуваше стартот на музичкото патување. Рамацоти го започна својот концерт со водечката нумера од неговиот последен албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto …

(ГАЛЕРИЈА) Концертот на Ерос Рамацоти ќе се памети Read More »

Срѓан Драгојевиќ снимаше филм во Скопје: Сакам да се преселам во Дебар Маало


Српскиот режисер и сценарист Срѓан Драгојевиќ, познат по филмовите „Рани“, „Убавите села убаво горат“, „Парада“, „Ние не сме ангели“… деновиве престојуваше во Скопје каде што го снимаше својот најнов филм со наслов „Од рајот“. Филмот е српско- германско-македонско-хрватско-словенечко-црногорска копродукција зад која застанаа продуцентите „Делириум“ од Србија, во копродукција со „Сектор филм“ од Македонија, „Фикшн ГМБХ“ …

Срѓан Драгојевиќ снимаше филм во Скопје: Сакам да се преселам во Дебар Маало Read More »

„Стоп“ за ноќните мототрки


По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата реализираше акција, сакајќи да ги пресретне брзите и диви возачи што сеат страв по улиците. Во петчасовната акција спроведена во ноќта меѓу четвртокот и петокот, откриени се 40 возачи на мотори што го прекршиле законот, против кои се поднесени исто толку платни налози. Покрај тоа, поради …

„Стоп“ за ноќните мототрки Read More »

Зачекори во Здраво Скопје – авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот


Авантуристичка тура за најмладите – „Зачекори во Здраво Скопје“, во организација на издавачки центар ТРИ, ќе се одржи утре, а по повод 56 години од скопскиот земјотресот, што се случи на 26 јули 1963 година. Карванот ќе посети 10 значајни и автентични локации, а ќе биде проследен со многу изненадувања, игри и забава. Зборно место …

Зачекори во Здраво Скопје – авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот Read More »

Протест во Аеродром: Зависниците од дрога ќе добиваат терапија до градинки и училиште


Пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат. Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа …

Протест во Аеродром: Зависниците од дрога ќе добиваат терапија до градинки и училиште Read More »

Вучиќ и Србија се рушат преку авто-салон во Скопје?


Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија. „Секое …

Вучиќ и Србија се рушат преку авто-салон во Скопје? Read More »

Охрид ја чека одлуката на УНЕСКО


На 43. сесија на УНЕСКО, која се одржува во Баку, вчера помина дискусијата за Охридскиот Регион. Но, дали тој ќе биде на листата на загрозени светски културни наследства или не, одлука сè уште нема. Советодавните тела на УНЕСКО преку своите претставници ги образложија забелешките и причините зошто сметаат дека Охридскиот Регион треба да се најде …

Охрид ја чека одлуката на УНЕСКО Read More »

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам


Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје. Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри …

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам Read More »

Почина адвокатот Игнат Панчевски


По кусо и тешко боледување, утрово почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69). Тој беше една од најколоритните фигури во македонскиот адвокатски свет. Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава. Во 2013 …

Почина адвокатот Игнат Панчевски Read More »

„Случај Богоевски“. Се бараат таксистот, дилерот и „бомбашот“


Основното јавно обвинителство Скопје побара да се утврди идентитетот на таксистот, кој, наводно, го снимал разговорот на пратеникот Павле Богоевски, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и преку меѓународни инструменти да се провери сопственикот на профилот на руската социјална мрежа Виконтакте. Од ОЈО информираат дека според пријавата на Богоевски, …

„Случај Богоевски“. Се бараат таксистот, дилерот и „бомбашот“ Read More »

Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска


Веќе од раните утрински часови, плоштадот „Македонија“ во Скопје почна да се полни за свечената литургија на папата Франциск, кој во 8.15 часот слета на скопскиот аеродром. Граѓаните ги послушаа апелите на властите и порано пристигнаа на плоштадот. Полицијата спроведува низа безбедносни мерки и ги претресува граѓаните што влегуваат во оградената зона. Се очекува присуство …

Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска Read More »

Фото: Скопје се разубавува за папата


На скопскиот аеродром сè уште нема никаков знак што ќе потсети дека таму во вторник наутро ќе слета, а потоа и ќе има литургија папата Франциск. Затоа, пак, само стотина метри понатаму, односно на вклучувањето на автопатот кон Скопје, исклучително работна атмосфера. Работници ја косат тревата покрај патот и на средишната ограда, а вработените од …

Фото: Скопје се разубавува за папата Read More »

Подготовки за папата: „Извинете, дали влезниците се бесплатни и како да се облечам?“


Во католичката црква „Пресветово срце Исусово“ во Скопје и вчера се чувствуваше посебно расположение пред вторничката посета на папата Франциск. Вратите на катедралата беа отворени од раните утрински часови, a неработниот ден не влијае врз верниците да дојдат и да се помолат. Во оваа црква, како во катедралата во Струмица, односно католичките парохии во Гевгелија, …

Подготовки за папата: „Извинете, дали влезниците се бесплатни и како да се облечам?“ Read More »

Скопје доби прв интерактивен водич


Во Градскиот парк во Скопје, во опуштена и релаксирана атмосфера, весело, разиграно, надополнето со розови балони, превкусни јаболка, карирани ќебенца и скопски шлагери беше промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”. Преполно со деца, домашни миленичиња, родители, баби и дедовци се направи журка за паметење враќајќи не назад во едно прекрасно време кога одењето …

Скопје доби прв интерактивен водич Read More »

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”


Утре (недела) во 12 часот кај Мечето во Градски парк во Скопје, ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “ЗДРАВО СКОПЈЕ”, посветен на едно незаборавно Скопје – од минатиот век до денес, со сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет и за млади и за стари, за носталгичари, …

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје” Read More »

(Фото) Моден викенд во Скопје: Стил, сеир и европски дух


Скопје три дена е центар на високата и кежуал мода, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии,  во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор- Европски универзитет (ЕУРМ), со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт и со професионален и уникатен …

(Фото) Моден викенд во Скопје: Стил, сеир и европски дух Read More »

„Пајак-службата“ на град Скопје со речиси 12 отсто поголем приход во 2018 година


На денешната седница на Советот на Град Скопје се разгледуваа предлог-одлуките за давање согласност на годишните сметки на јавните претпријатија во надлежност на Градот. Општиот заклучок е дека јавните претпријатија бележат позитивни резултати во управувањето со финансиските средства. Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ бележи позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година. Билансот на успех …

„Пајак-службата“ на град Скопје со речиси 12 отсто поголем приход во 2018 година Read More »

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била …

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550 Read More »

„Анима мунди“ бара да запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк


Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бараат итно да  запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк, за кое велат дека се спроведува нестручно и насилно, а со тоа се уништува животната средина. – Во денови кога се чистат езерцата во Градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и чувство се уништува …

„Анима мунди“ бара да запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк Read More »