(Галерија) Погледнете како беше на концертот на „Дип парпл“ во Скопје

Дел од атмосферата на концертот на „Дип парпл“ во Скопје


Повеќеилјадната публика во Скопје, имаше можност вечерва да ужива во концертот на еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, „Дип парпл“.

Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се` подобро и подобро свират во живо“, порачаа од „Авалон“, кога го најавија концертот.

 
 
Рок бендот ги оправда вечерва овие епитети. 

Македонската и регионалната публика имаа можност во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој навистина култен и легендарен бенд во музичката историја.

 
Оправдана беше и причината за преместување на концертот од стадионот на АРМ, во салата „Борис Трајковски“, поради очекуваните временски непогоди, затоа што во Скопје заврна, но оние кои отидоа на концертот не изгубија со тоа што тој се одржа на затворено.
 
Нашиот фотограф Борис Грданоски ги забележа најинтересните моменти. Погледнете ја галеријата: