Градот Скопје во првите три месеци потрошил половина од планираните пари за осветлување на улиците


За цела 2022 година Градот Скопје во Буџетот предвидел 130 милиони денари за улично осветлување, а само во првите три месеци потрошил половина од тие пари.

Имнео, како што рече советникот Гордан Шутарев на денешната седница, реализацијата на оваа услуга во првите три месеци е 72 милиони денари, што претставува 55,7 проценти потрошени средства за јавно осветлување.

– Ова не е ситуација во која сме се нашле по вина на градоначалник или влада, едноставно економските текови во цветот наметнуваат ваква енергетска и економска криза и се надевал дека ќе направиме ребаланс на Буџет за да ги покриеме трошоците – рече тој.