Европска недела на имунизација во Градски парк со „Биби и Боби“


Во сабота, во 11.30 часот, во Градски парк (кај Школка) се одбележува  Европската недела на имунизација.

Под мотото „Заштитуваме генерации“, организиран е настан со омилените детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава во Градскиот парк Скопје, на отворената сцена „Школка“.

Настанот е организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), поддржани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Европската унија.

Пред почеток на настанот се предвидени изјави од амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО, д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ, д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

Повелете придружете ни се заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, велат организаторите.