Британци се тепале на сред Скопје


На 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија.

При тоа еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор сличен инцидент во кој учествувале Британци.

На 27.04.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13-ти Ноември”, во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир.

Од полициски службеници од Полициската станица Центар било излезено на местото на настанот и било констатирано дека И.Л.Т.(48) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир на јавно место со карање, викање и дрско однесување, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во соопштението од МВР стои дека исто така и Н.Ј.Д.(34) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир и постапил спротивно на наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.