Тројца скопјани каснати од куче


Фото: Б. Грданоски

Три лица од Скопје пријавиле случај на каснување од куче.

На 21.04.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.Ј.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Бледски договор“ бил каснат од куче скитник.

На 21.04.2022 во 14.10 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Серава“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
 

На 21.04.2022 во 19.00 часот во Полициска станица Карпош, Д.П.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Багдадска“ бил каснат од куче скитник.