Стив Возниjак, еден од оснивачите на „Епл“, ќе добие српско државјанство
Белград– Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими Стив Возниjак, компјутерски инженер и коосновач на компанијата Apple, кој од утре ќе добие српско државјанство.
– За нас е голема чест, и се надевам дека Владата на Србија ќе го прифати мојот предлог на брачната двојка Вознијак, Стив и Џенет, да им се даде државјанство на Србија, кое лично ќе им го врачам. Во тоа голема улога имаше нашиот тенисер Јанко Типсаревиќ и му благодариме! Некои викаат дадовме пари да дојде, не, човекот дошол во Србија, си платил карта и дошол, рече Вучиќ.
Вонијак ќе дели совети во Србија како да се подобри универзитетското и средното образование и да се даде придонес во останувањето на младите дома.
– Толку сум среќен и благодарен. Патувам низ светот, запознавам многу луѓе, а Јанко Типсаревиќ виде дека јас и мојата сопруга сме заинтересирани за овој дел од светот, директно и во Србија, и помогна да се организираме, да бидам поканет овде, дури и да станам државјанин на Србија, односно да извадам пасош, рече Вознијак.