(ВИДЕО) Кети Пери во костум на астронаут мавташе со косовското знаме во Приштина
Пејачката Дуа Липа сподели моменти зад сцената на фестивалот „Сани Хил“ по првата вечер од настанот што се одржува во Приштина, на која главна ѕвезда беше американската пејачка Кети Пери.Пред илјадници собрани обожаватели кои го исполниле просторот до последното место, познатата Американка приредила музички спектакл. Најголемите поп-хитови биле отпеани заедно со публиката. Сценографијата и визуелните ефекти биле доведени до совршенство, а целата сцена била во знакот на вселената. Кети Пери и нејзините танчари излегле во костуми што личеле на астронаути, создавајќи атмосфера како да се на друга планета.Во еден момент, додека Кети Пери ги изведувала своите најголеми хитови, членовите на танцовата група ѝ подале знаме на Косово, а таа го кренала високо пред публиката.
Дуа објави и серија фотографии на Инстаграм на кои се гледа атмосферата од првиот ден од фестивалот.Таа во описот на фотографиите напиша: „Кети Пери нè однесе до Месечина, забавата продолжува“.На една од фотографиите, таа се смее со Кети зад сцената, додека на другите снимки се гледа како се дружи со пријателите и семејството додека ужива во фестивалската атмосфера.На фестивалот беше и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.
🇽🇰 “Astronaut” Katy Perry planted the Kosovo flag on the moon during her concert in Prishtina. pic.twitter.com/7QUm6nnIPE
— kos_data (@kos_data) July 31, 2026
Фестивалот „Сан Хил“, кој започна во 2018 година, го основаа Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа преку Фондацијата „Сан Хил“, со цел да донесат светски познати изведувачи на Косово и да го промовираат пред меѓународната публика. Во претходните години, на фестивалот настапуваа големи имиња од светската музичка сцена, вклучувајќи ги Калвин Харис, Мајли Сајрус, Стормзи, Мартин Гарикс и Бурна Бој.
🇽🇰 Former Canadian PM Justin Trudeau and Dua Lipa watched together Katy Perry raising the Kosovo flag in Prishtina. https://t.co/eZeTNEDySA pic.twitter.com/H0ALMvIGcP
— kos_data (@kos_data) August 1, 2026