Сценската облека на „Дестинис Чајлд“ на аукција
САД – Сценската облека што ја носеше поп-групата „Дестинис Чајлд“ на врвот на нивната слава ќе се најде на аукција во јуни, заедно со облеката на Лејди Гага, Витни Хјустон и Шер.
Од аукциската куќа Џулиен соопштија дека ќе се наддаваат над 100 парчиња сценска облека во сопственост и користени од членовите на Дестинис Чајлд, Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс во доцните 1990-ти и раните 2000-ти.
На аукцијата ќе се најдат парчиња од златна кожа што ги носеле трите пејачки на „Survivor“ за време на ТВ емисијата на VH1 во чест на Дајана Рос во 2000 година и триото футуристички металик кожни комбинезони од црвена и сребрена кожа што пејачките ги носеле во спотот за “Independent Women Part 1” ,видео што беше тематска песна за филмот во 2000 годинана „Ангелите на Чарли“.

„Оваа облека е легендарна како и песната за филмот“, изјави Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа.
Облеката, од кои повеќето ја дизајнираше мајката на Бијонсе, Тина Ноулс Лоусон, се очекува да достигне цена од 600 до 10 000 американски долари на тридневната аукција во Беверли Хилс на 11 и 13 јуни.
Облеката беше донирани од семејствата на пејачките на „Дестинис Чајлд“, откако поминаа години во складиште. Еден дел од приходите ќе бидат од корист на MusiCares, добротворната организација на Академијата за снимање, која им помогна на музичарите кои се борат поради пандемијата на коронавирус.
Дестинис Чајлд, една од највлијателните женски групи од почетокот на 2000-тите, помина низ неколку состави и официјално се раздели во 2006 година. Бијонсе продолжи да создава огромна соло кариера.

Другата сценска облека што ќе биде на продажба во јуни го вклучуваат златниот фустан на Версаче која го носеше покојната Витни Хјустон за настап во Париз во јули 1998 година (проценета на 20 000 – 30 000 американски долари) и нето облека и јакна од мотор што ги носеше Шер во 1989 година за музичкиот спот за „”If I Could Turn Back Time” што последен пат беше продаден на аукција пред пет години за 60 000 американски долари. (Ројтерс)