Руската елита е уморна од војната и престанува да верува во Путин

На многу членови на руската политичка и бизнис елита не им се допаѓа тоа што се случува. Тие се уморни од војната и сакаат таа да заврши


Припадници на украинската војска пукаат од американска хаубица М777 на линијата на фронтот

 

Војната во Украина, која требаше да трае неколку дена и да заврши со соборување на владата на Владимир Зеленски, сега е во својот 16-ти месец. Откако добија оружје од земјите на НАТО, вооружените сили на Украина се подготвија да повратат речиси 20% од окупираната територија на земјата. Војната се прошири и во Русија: гранатирање и борби во регионот на Белгород, ракетни и напади со беспилотни летала врз цели во пограничните региони, напади со дронови на Москва.

На многу членови на руската политичка и бизнис елита не им се допаѓа ова што се случува. Тие се уморни од војната и сакаат таа да заврши, но се сомневаат дека Владимир Путин ќе оди на тоа, изјавија за Блумберг седум луѓе кои знаат што се случува во оваа елита, под услов да останат анонимни. Сепак, никој не е подготвен да му понуди на Путин да ја запре војната, иако тоа ја поткопа нивната безусловна верба во неговите лидерски квалитети, велат четворица соговорници на агенцијата.

Дури и многу од оние кои сè уште го сакаат поразот на Украина, сметаат дека замрзнувањето на конфликтот е најдобар начин за излез од ситуацијата. Тоа ќе бара преговори подоцна оваа година што ќе му овозможат на Путин да прогласи пирова победа со задржување на некои од заземените територии за Русија, велат два извори на Блумберг.

Националистот Константин Малофеев, основач на ТВ Царград и еден од главните финансиери на операциите на таканаречениот „руски свет“, инсистира на тоа дека „Украина мора да престане да постои“. Но, тој отворено признава дека многумина во владејачката елита, вклучително и „огромен број“ бизнисмени, би го поддржале предлогот на Кина за примирје. „Тие велат дека поддржуваат специјална воена операција, но всушност се против тоа“, изјави Малофеев за Блумберг.

Кинескиот мировен план не предвидува повлекување на руските војници од Украина пред почетокот на мировните преговори. Поради оваа причина, тој беше одбиен во Киев и на Запад.

Некои политичари и пропагандисти неодамна почнаа да „враќаат“. Главниот уредник на Раша тудеј, Маргарита Симонјан, која во февруари 2022 година рече дека Русија ќе ја победи Украина „за два дена“, а во март 2023 година објави дека „времето на летот до главниот град“ на земјата што ќе се осмели да го уапси Путин на Меѓународниот кривичен суд, е „осум минути“, оваа недела предложи да се стави крај на конфликтот.

Дури и Маргарите Симонјан, главен уредник на Раша тудеј и жесток провоен јастреб, предложи војната да се замрзне и да се организираат референдуми на окупираните територии

„Колку би било прекрасно да се запре крвопролевањето токму сега“, рече Симонјан. – Да се остане таму каде што секој е. Да се замрзне. И потоа да се организираат референдуми, како што предложи Индонезија. (Министерот за одбрана на Индонезија Прабово Субианто за време на викендот повика на итен прекин на огнот, повлекување на војниците на 15 километри од сегашните позиции за да се воспостави демилитаризирана зона и референдуми на „спорните територии“ со посредство на ОН. – н.з.) Референдуми во сите спорни територии и таму каде што луѓето да кажат со со кого сакаат да останат и на која територија. Па, тоа е фер, нели е добро? Дали ни требаат територии кои не сакаат да живеат со нас? Не сум сигурна околу ова, и поради некоја причина ми се чини дека ниту на претседателот не му се потребни“.

Оваа изјава предизвика бран на омраза кон Симонјан во Z-каналите. Нивните автори ги сфатија нејзините зборови како „тест“, полнење од претседателската администрација со цел да го разберат расположението во општеството и, евентуално, да го подготват за „промена на концептот“. Воените дописници и поддржувачите на војната зборовите на Симонјан ги нарекоа подготовка за „срамен договор“, „предавство на националните интереси“, „нови Хасавјурт (град во дагестан кад што беше потпишан договор со кој заврши Првата чеченска војна – н.з.) и Минск“.

Малку порано, Константин Затулин, првиот заменик-претседател на Комитетот на Думата за прашања на ЗНД, евроазиска интеграција и односи со сонародниците, член на партијата Единствена Русија, призна дека Русија не постигнала ниту една од целите што Путин ги поставил за време на инвазијата. Денацификацијата, демилитаризацијата и неутралноста на Украина, заштитата на жителите на Народните републики Донецк и Луганск, наведе пратеникот, „нема резултат во ниту една точка“.

„Покрај тоа, некои од нив престанаа да имаат никаква смисла“, призна Затулин, а Украина „ќе продолжи да постои под водство на Зеленски или неговите наследници“.

Но, членовите на елитата претпочитаат да држат низок профил и да продолжат да се грижат за тековните работи, уверени дека не можат да влијаат на текот на настаните, рекоа четворица соговорници на Блумберг. Според петмина, Путин не покажува желба да ја запре војната.

„Функционерите се прилагодија на ситуацијата, но никој не гледа светлина на крајот од тунелот“, изјави за агенцијата Александра Прокопенко, која работеше како советник во Банката на Русија пред војната. „Најдоброто на што се надеваат е дека Русија ќе загуби без понижување“.

Секој напад, секој нов напад на украинските сили на руска територија го поткопува митот за непобедливоста на Путин и руската супериорност, рече Татјана Станова, шеф на R.Politik и виш соработник во Карнеги центарот за руски и евроазиски студии во Берлин. Општеството „постепено внатрешно еродира кон војната и кон елитите“, рече таа, цитирана од „Волстрит џорнал“. Украинските напади на руска територија „го поткопуваат режимот и, пред сè, системот на моќ“, вели Станова.