Предлогот на Елон Маск за мир во Украина


 

Елон Маск на Твитер даде предлог како да се сопре војната во Украина. Објави и анкета во која праѓува дали се согласуваат со него.

„Украинско-руски мир:

– Да се повторат изборите во анектрианите региони под надзор на ОН. Русија заминува ако тоа е волја на народот.

– Крим е формално дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов)

– Водоснабдувањето на Крим е обезбедено.

– Украина останува неутрална“, напиша Маск.

„Ова е веројатниот исход на крај. Само прашање е колку луѓе мора да умрат пред тоа“, напиша Маск, а додаде дека еден од можните исходи е нуклеарна војна. За предлогот на Маск досега гласале 760.000 луше. 60 отсто не се сложувата со неговата идеја според која Украина е должана да биде неутрална, а Крим да биде руски.

Му одговори советникот на Зеленски

Му одговори Михајло Подољак – советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Елон Маск, еве подобар мировен план.

1. Украина да ги ослободи своите територии, вклучувајќи го и анектираниот Крим.

2. Русија да направи демилитаризација и задолжителна денуклеизација за да не биде повеќе закана за другите.

3. Воените злосторници одат на меѓународен суд.

Да гласаме?, напиша Подољак.

Герашченко: Тогаш САД нека ѝ ја врати Алјаска на Русија

На Маск под објавата му се јави и Антон Герашченко, советник на украинксиот министер за внатрешни работи.

„Тогаш, по ова на Русите треба да им се врати и Алјаска. Таа исто така беше руска, а Путин сака да “ги собира руските земји“. Значи, очигледно САД треба да се обврзе и да им ја врати Алјаска , пред Русија да им објави војна. На некои лесно им е да управуваат со животите и нземјата на Украинците“, напиша Герашченко.

Постави нова анкета

На Маск многумина му коментираа дека невозможно е да се спроведе чесен референдум на Крим и во одметнатите покраини откако бројно население е протерано и раселено, а тој постави нова анкета.

„Да се обидеме вака: Луѓето кои живеат во Донбас и на Крим треба своеволно да одлучат дали се дел од Русија или Украина“, напиша Маск во новата анкета.