Владата ја продолжи важноста на личните документи

Владата донесе одлуки важноста на патните исправи и за личните карти, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба.

Владата донесе одлука важноста на возачките дозволи чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, а сите процесни дејствија за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и за спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, како и роковите на важење на документите што согласно закон се утврдени за спроведување на обуките, односно испитите, да се прекинат, односно да се суспендираат за време на траење на вонредната состојба.

На седницата се донесени и уредбите со законска сила, со кои полагањето на стручниот испит за проценувач, како и полагањето на испитот за стекнување на овластување за овластен геодет, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.