Деканот на Економскиот факултет при УКИМ одликуван со „Витез од редот на академски палми“


Согласно традицијата на Француската Република, на 14 април 2026 година, во Француската Резиденција во Скопје, Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во Северна Македонија, во присуство на многу гости и бројни уважени претставници, на свечена церемонија, го додели одликувањето „Витез од редот на академските палми“ на Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ова одликување сведочи за признанието од Француската Република за ангажманот на г. Санта во служба на структурната универзитетска соработка помеѓу Франција и Северна Македонија, како и за местото на наставата по француски јазик на Економскиот факултет.

Со него, исто така, се оддава почит на личната вклученост на г. Санта во активностите на мрежата на македонски алумни од француското високо образование.