По седум месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!


По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели седум месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна! – велат од Стоп за Вардариште, кои и ја пласираа информацијата.
 
– Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите. 
Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата.  Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје! – додаваат од таму.