Падна најмодерниот руски борбен авион „Су-57“
Руски борбен авион се урна денес во Московската област во неделата за време на тренинг лет, објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Весникот „Комерсант“ објави дека се урна борбениот авион „Су-57“, најнапредниот руски борбен авион од петта генерација. „Су-57“ главно го користи Русија во војната против Украина за лансирање ракети со долг дострел „Х-59“ и „Х-69“.
Според ТАСС, авионот се урнал за време на полетувањето во ненаселена област, не предизвикувајќи штета на земјата, а пилотот успеал да се катапултира.
Независниот руски Телеграм канал „Астра“ објави дека локацијата на несреќата се наоѓа во близина на селата Лучино и Шихово, околу шест до седум километри од центарот на градот Звенигород, преку геолокација на фотографии од очевидци. Украинскиот канал на Телеграм „Супернова Плус“ исто така објави снимки на кои се гледа чад и оган на местото на падот.
„Су-57“ е најнапредниот руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација. Оновниот модел чини 40 милиони долари. Првиот лет го изврши во 2010 година, но сериското производство беше одложено со години пред да биде ставено во ограничена оперативна употреба.

Авионот е наменет за воздушна супериорност и напади врз копнени и морски цели. Русија тврди дека „Су-57“ има стелт технологија, напредна авионика и можност за носење широк спектар на прецизно водени оружја. Сепак, западните аналитичари постојано ги доведуваат во прашање неговите вистински стелт способности, како и бавното темпо на производство.
Се проценува дека Русија во моментов има само околу 30 ловци „Су-57“, значително помалку од планот за набавка на уште 76 до 2027 година. Овие ловци ретко се користат во борба против Украина, веројатно затоа што Москва не сака да ризикува еден од нив да биде соборен од украинската воздушна одбрана.