Облека и мебел на легендарниот дизајнер Кензо Такада на аукција


Франција-Одделот за луксузна мода и додатоци на Artcurial ќе понуди на аукција 132 модни парчиња од колекцијата на Кензо Такада во онлајн продажба што ќе се одржи од 3 до 12 мај.

150-те уникатни парчиња вклучуваат кимоно, палта, здолништа и блузи за сите сезони, а се проценуваат на помеѓу 30 и 600 евра. Некои од предметите се недовршени прототипи, додека други се готови производи, создадени од покојниот дизајнер помеѓу 2005 и 2008 година.

 „Чест ни е да ги презентираме овие ексклузивни парчиња на продажба кои никогаш не биле прикажани во јавноста“, рече Клара Вивиен, специјалист за модни производи на „Artcurial“.

Продажбата се одвива истовремено со друга аукција на мебел на дизајнерот. Такада почина на 4 октомври од компликации поврзани со коронавирус. Во посебна аукција, на 11 мај, Артуријал нуди и повеќе од 600 парчиња од станот во Париз, каде ги помина последните 15 години од својот живот. Ентериерот беше дизајниран со помош на архитектот Ед Татл, и презентира естетиката на дизајнерот, микс од Исток и Запад, со азиска и претколумбиска уметност, мебел од Арт Деко и современа уметност.

Станот, кој има поглед кон Ајфеловата кула и хотелот Лутеција, беше во населбата Сен Жермен-де-Пре над канцелариите на К3, луксузниот бренд за домаќинства и начин на живот што „Такада“ го лансираше минатата година.

Парчињата мебел на Кензо Artcurial ќе бидат преентирани на изложба со физичко присуство  од 7 до 10 мај.(WWD)