Новак Ѓоковиќ предложи ново правило во тенисот


 

Потенцијалната промена на правилата е честа тема во светот на тенисот, а сега доби свое продолжување. Имено, Новак Ѓоковиќ верува дека системот за бодување треба да биде различен.

Инфлуенсерот Ник Кутракос го праша Ѓоковиќ какво е неговото контроверзно мислење за тенисот дека е подготвен да се брани до смрт, а српскиот тенисер му одговори со нов систем за бодување.

„Мислам дека на тенисот му е потребен нов систем за бодување, сетот не треба да се игра додека не се освојат шест гема“, рече Србинот во воведот и продолжи.

„Мислам дека сетот треба да трае додека не се освојат четири гема, а потенцијално предноста од 40-40 треба да се укине. Мислам дека таков формат е подобар и би се играл додека некој не освои три сета. На тој начин, натпреварите нема да траат повеќе од два часа, мислам дека тоа е најдобро за сите“.

Идејата на Ѓоковиќ веќе е тестирана на одредени турнири, па така последниот турнир Next Gen (натпревар за најдобри тенисери под 21 година) се играше во овој формат.

На тој турнир играше и Александар Блокс, кој исто така јавно го поддржа таквиот формат.

„Ми се допадна форматот. Беше различен, но ми одговара бидејќи сум добар под притисок. Играв добро до финалето и не мислам дека е лоша идеја. Нема повторно да играм на тој турнир, но ми се допаѓа што нема предност на 40-40, играта е многу побрза тогаш“, рече најдобриот млад играч во светот.