Инфантино добива противкандидат за претседател на ФИФА
Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино.
Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата претседател на КОНКАКАФ.
Можната кандидатура има две опции: излегување на директни избори против Инфантино или создавање на притисок и простор актуелниот претседател Инфантино да се повлече пред гласање.
Виктор Монталијани е канадски функционер, претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на Советот на ФИФА, а во 2012 година е избран за претседател на Канадската фудбалска федерација. Тој беше еден од најактивните Канада да биде организатор на СП 2026 година заедно со САД и со Мексико.
Инфантино на чело на ФИФА е од 2016 година и има право на уште еден мандат, покрај актуелниот. Следните избори на ФИФА ќе бидат во март 2027 година во Мароко.