Јунакот на финалето на Мундијалот заминува од Барселона?
Јунакот на Шпанија – стрелецот на победничкиот гол за шампионската титула во финалето против Аргентина, Феран Торес постои можност да ја напушти Барселона. Шпанскиот репрезентативец сака трансфер во европскиот првак ПСЖ.
Договорот на Торес истекува за една година, а Барселона не направила ниту еден чекор за продолжување на неговиот договор. Иако замина Роберт Левандовски, Торес не е во плановите на тренерот Ханси Флик за една од опциите во нападот на „каталонците“. Во оваа ситуација проблем со продолжување на договорот е и тоа што во тој случај ќе мора на Манчестер Сити да му бидат исплатени дополнителни осум милиони евра.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике во Феран Торес гледа одлична опција во нападот на својот тим. Разговори меѓу ПСЖ и Барселона се очекуваат во текот на следната недела.
Од доаѓањето од Манчестер Сити (јануари 2022), Торес одигра 207 натпревари за Барселона и постигна 65 голови, од кои 21 сезонава.
На Светското првенство постигна само еден гол и тоа решавачкиот во финалето за шампионската титула на Шпанија.