Не е црвен, туку златен- божикниот фустан на Мараја Кери гламурозен, но неудобен


САД– Мараја Кери изгледаше прекрасно во златниот фустан како дел од специјалното емитување на „Магичниот божиќен специјален на Мараја Кери“ на Епл ТВ, и тоа е спектакл што носи мешавина од песна, танц и анимација со голема доза на празничен дух.

Поп-ѕвездата се појави во „Mariah’s Christmas: The Magic Continues“, чија премиера беше во петокот, во фустан на Долче и Габана со длабоко деколте и шлиц до бутовите . Гламурозен, но неудобен.

Во разговор за Вог, Кери рече дека фустанот тежел 30 килограми и биле потребни 250 часа да се сошие.

„Монистите не беа обични монисти. Самите камења беа гигантски, но сепак изгледаа убаво и блескаа“, изјави таа за Vogue. „Беше прекрасно, но ме болеше додека го носев“.

Кери додала дека шест мажи морале да и помогнат за да може да оди до сцената за нејзиниот настап.

„Сите беа како: „О, таа претерува“, изјави таа за Vogue. Тоа не беше само тешко; тоалетата го направи пеењето предизвик, рече Кери.

„Кога нешто е супер тесно во средината, тешко е затоа што треба да земете здив и да пеете“, рече таа. „Но, јас сум навикната на тоа.

За божикното специјално емитување пејачката и нејзиниот стилист ДиАндре Тристан сакаа нејзината тоалета – која беше инспирирана од стариот холивудски гламур со златни мониста – да биде винтиџ.

„ Во позадината на настапот одеше  Њујорк и зградата Крајслер. Има бронзено, златно, бакарно чувство што е многу празнично“, изјави пејачката за Вог. „Живеам за сите традиционални божиќни бои – црвените, зелените, белите и сребрените – но ова беше поинаку“.