Напад со нож во училиште во Германија, четворица повредени. Уапсен 16-годишник (видео)


Во напад со нож денеска, во средно училиште во баварскиот град Шонгау, наводно, повредени се четири лица, од кои две се сериозно, а 16-годишниот сторител бил уапсен кратко по нападот. Според полицијата, нападот се случил околу 13 часот во зградата на средното училиште во градот во Горна Баварија, кој има население од околу 12.000 жители.

Полицијата оттогаш соопшти дека две девојчиња се тешко повредени во нападот, а лицето осомничено за извршување на нападот има 16 години. Полицијата сè уште не коментирала за мотивот и идентитетот на сторителот, ниту за точниот број на повредени.

Автомобилскиот клуб ADAC известува дека шест хеликоптери се испратени во Шонгау за да им помогнат на повредените. Шонгау се наоѓа југозападно од баварскиот главен град Минхен.