Мојата мајка, која го поддржува Фидес, денот по изборите дозна дека била лажена 16 години

Ден по изборите мајка ми сфати дека живеела во школка, била држена таму, а сега ѝ се отвораат очите. Исто така, рече дека ако ги знаела овие работи порано, ќе гласала поинаку. Наеднаш се „разбуди“ по толку години лаги и насилната пропаганда на владата


Моите родители се поддржувачи на Фидес 20 години. Поточно, мајка ми беше поддржувач на Фидес до пред само една недела, кога сфати дека нешто не е во ред во ноќта на изборите, и ѝ требаше еден ден за да почне да се грижи за реалноста по 16 години лаги. Овој статија е за неа и како е да се соочиш со фактот дека си лажена дење и ноќе точно 16 години.

Мајка ми никогаш не беше вистински поддржувач на Фидес, не беше партиски настроена, но ги гледаше вестите на М1 и ТВ2 (пропагандни канали на Фидес – н.з.), ги почитуваше, а можеби дури и ги сакаше Виктор Орбан и Петер Сијарто, длабоко се согласуваше со семејната политика на владата, поддршката за Унгарците во странство и воопшто за речиси сè што правеше Фидес, од производи со официјални цени до кредити од 3 проценти. Пред години, следев (со нејзина дозвола) некои независни медиуми на нејзиниот Фејсбук за да може барем да ги види насловите во меурот создаден од владините медиуми. Но, бидејќи никогаш не беше активно вклучена во јавниот живот, не беше навистина заинтересирана за актуелните политички прашања. Ниту зборувавме за нив.

Во последните две години имаше два случаи кога ме праша за јавен настан: едниот беше случајот со помилувањето, другиот скандалот околу поправниот дом на улицата Соло. Овие дури и се пробија во наративот контролиран од владата со кој можеше да се сретне, а таа ја почувствува нивната тежина.

Во последните две години, почнав да се надевам дека ќе го види темното, валкано лице на моќта со кое ќерка ѝ се соочува секојдневно во текот на нејзината работа. Сепак, ова се покажа како малку во споредба со бранот лаги што Тењек (телевизиска програма на ТВ2) или М1 ги исфрлаа секој ден. Никогаш не ја обвинував за тоа, прифатив дека живееме во различни реалности.

И покрај ова, никогаш целосно не се откажав од тоа дека еден ден ќе размислуваме исто за земјата, и иако избегнував политика во семејните разговори во последните 10 години, откако сум новинар, сепак ја прашав на почетокот на февруари дали ќе гласа за Фидес. Добив иритирачки, отрезнувачки одговор: „Не мислиш дека ќе гласам за некој што ќе ги зголеми даноците? Не беше ни родена кога…“

Брзо го прекинав разговорот, не ми требаше многу за да сфатам дека благодарение на владините медиуми, лажниот даночен план на Тиса „протечен“ од „Индекс“ стигнал до неа. Секако, не беше дека судот го прогласи „планот“ за целосна лага. Ми падна на памет да ја подготвам за фактот дека е малку веројатно Фидес да победи на овие избори, но почувствував одбивање со кое не сакав да се соочам.

Дојде 12 април, Тиса победи, со огромна разлика. Решив да избегнувам да дискутирам за резултатите од изборите колку што е можно повеќе. Не затоа што се плашев дека ќе ме обвини или ќе се исплаши, туку затоа што не сакав да чуе колку сум среќна. На крајот на краиштата, таа ниту еднаш не ми рече дека Фидес победил со две третини. Продолживме да правиме сè на ист начин како и порано, како политиката да не влијаеше на мојот живот. Како државната партија да не му се заканувала на независниот печат со години, нарекувајќи ги новинарите штетници што треба да се истребат.

Во понеделникот вечерта добив порака од неа во која ме праша дали може да ми се јави. Ја наметнав тагата во мојот глас, но таа сомнитечно сакаше брзо да го заврши делот од неврзаниот разговор. Потоа возбудено рече:

„Цел ден чекав да ти се јавам, да ми кажеш кој е Петер Маѓар и што сака да прави“.

Се замрзнав за момент. Од нејзиниот глас можев да видам дека ова не е барање за сметка, туку искрен интерес, но по сите овие години беше тешко да се поверува. Како што прашуваше сè повеќе и повеќе за тоа што ќе направи владата на Тиса, дали навистина ќе ги зголеми даноците, дали навистина ќе се плаќа за здравствената заштита, дали навистина ќе го продаде МОЛ (нафтената компанија – н.з.), стана јасно дека е навистина љубопитна за одговорите.

Станував сè поентузијастичка во побивањето на пропагандните лаги што ги слушаше, а таа стануваше сè повеќе и повеќе изненадена. Во тој момент, не можев повеќе да издржам, прашав што се случило, зошто сега зборуваме за ова.

Таа рече дека пред неколку недели видела на социјалните мрежи дека многу луѓе ја поддржуваат партијата Тиса. А во последните неколку дена, и покрај сите владини лаги,  чувствувала дека Фидес ќе победи.

Доколку мајка ми сакаше да го поддржи победникот, ќе гласаше за Тиса, но не го стори тоа. Ова покажува колку добро функционираше насилната пропаганда на владата, алармантните билборди и самоуверените изјави „ќе победиме“ дури и кога сите разумни причини укажуваа дека реалноста е нешто сосема поинакво.

Потоа дојдоа резултатите и веќе немаше никакво прашање за тоа каква е реалноста.

Мајка ми рече дека не спиела цела ноќ затоа што се прашувала како е можно Фидес со месеци самоуверено да тврди дека ќе победи толку многу што ќе биде видливо дури и од Месечината, а потоа Тиса да победи со две третини. Мајка ми сфати тогаш, тогаш, ноќе: ја излажале. Не само неа, туку сите гласачи на Фидес. Истата таа ноќ, таа одлучи да го посвети следниот ден на откривање што друго ја излажале.

Делумно поради ова беше причината тоа што ме повика да добие информации. Со ентузијазмот што доликува на 16 години пропуштени разговори ѝ раскажав за Петар Сијарто, Лоринц Месарош (најбогатиот Унгарец, школски другар на Виктор Орбан – н.з.), руската тајна служба, корупцијата, пропагандата, присвојувањето на нашите национални симболи, предавството и прислушувањето. Таа беше воодушевена од речиси сè и рече: „Не сме слушнале ништо за овие работи“.

До крајот на разговорот што траеше еден час, стигнавме до точката каде што рече: живеела во школка, била држена таму, а сега ѝ се отвораат очите. Исто така, рече дека ако ги знаела овие работи порано, ќе гласала поинаку.

Но, тоа не беше сè што направи: во понеделник го гледаше документарецот за Петер Маѓар насловен како „Tavaszi szél “ (Ветерот на пролетта – едногодишен поглед на патувањето на Петер Маѓар помеѓу јавниот и приватниот живот и неговата трансформација во лидер на национално политичко и општествено движење – н.з.), а потоа повторно во вторник. Потоа, во среда го слушаше Петер Маѓар на јавната телевизија, за кого рече: „Арогантен, но многу паметен“, а исто така: „ако дури и половина од она што го кажа е вистина, многу е страшно“. Гледаше видеа за Хатванпуста (голем имот од 13 хектари заштитен од државата, кој стана сопственост на таткото на Виктор Орбан, а потоа и на неговата сопруга – н.з.) и збогатувањето на семејството Орбан, и со ентузијазам ми ги испрати за да видам дали сум ги гледала. Наместо ТВ2, почна да гледа РТЛ Хирадо, што никогаш порано не ја гледала. Мајка ми разви глад за информации што јас никогаш порано не ги видов кај неа.

Јас го нарекувам ова вистинско будење. Будење од фактот дека Фидес ги лажеше своите поддржувачи до последниот момент: ние ќе победиме! Будење од она што се преправаа дека е во ред; она што е лошо не е лошо поради владата, туку поради Украинците, Брисел или Петер Маѓар.

Ова будење треба да се поздрави, дури и да се прослави. Не е лесно да се соочиме со фактот дека некој толку многу нè лажел толку многу години, а ние слепо му верувавме. Горда сум на мајка ми, и иако таа вели дека по таков изборен резултат „секој нормален човек размислува за тоа“, за жал не е толку јасно. Владата на Фидес направи сè во изминатите 16 години за да спречи многу луѓе да видат надвор од школката во која биле принудно ставени.

За ова никогаш нема да му простам на Фидес. Со купување на руралните весници, јавните медиуми финансирани од јавни пари и речиси целата јавност, и со централно контролирање на нив, тие ги водеа невините, искрени луѓе на таков начин што дури и не им дадоа шанса да размислуваат за нешто друго освен она што ги тераа да мислат. Се закануваа, влеваа страв, повредуваа и ги газеа луѓето на земја, само затоа што беа критични кон властите. Јас го почувствував тоа од прва рака, во моето семејство.

Би сакала да верувам дека постојат знаци дека мајка ми не е единствената што се разбудила од толку години лаги.

(Фоди Кити е новинарка во унгарскиот медиум „444“. Овој текст е објавен во него.)