Леди Гага е заштитно лице на лимитирана едиција на шампањско Дом Перињон
САД- Леди Гага веќе го освои Орео и сега дава свој белег во светот на шампањот.
Најновата соработка на поп -ѕвездата е со Дом Перињон, што таа го објави денес во видео на Инстаграм. „Отсекогаш мислев дека Дом Перињон е модел на креација“, рече таа за „Пипл“. „Нема правило, освен едно: Никогаш да не престанеме да посегнуваме по ѕвездите“.
Во промотивната слика, Гага држи пенливо розе од 2006 година во длабоко виолетово затемнето шише – иако сè уште нема збор за тоа како ќе изгледаат нејзините шишиња со ограничено издание. Претстојниот филм за најавата, кој е направен во соработка со уметникот Ник Најт ќе дебитира на 6 април.
„Нивната традиција е стара со векови, но тие ги надминуваат своите граници и наоѓаат начини да се апдејтираат во новото време“, рече таа во објавата за видео на Инстаграм. „И јас сум воодушевена што ќе можеме да го прославиме ова заедно.

Претходно во декември, Леди Гага направи бум во светот ужинките со светло розова, ограничена едиција Хроматика Орео со зелен крем.