Ќерката на Том Круз се откажува од неговото презиме


Изгледа дека Сури Круз ги следи стапките на децата на Анџелина Џоли и Бред Пит, бидејќи наводно го исфрлила „Круз“ од своето име во еден важен момент. Се чини дека 18-годишната ќерка на Кејти Холмс и Том Круз се дистанцира од својот славен татко со овој најнов потег!

Тинејџерката дипломирала во елитното средно училиште „Ла Гвардија“ , каде што блескала во црвена тоалета со долгата кафена коса во лабави бранови по нејзиниот грб на фотографиите добиени од страна на „Пејџ Сикс“. Има фотографии на кои таа гушка пријателка и се смешка со нејзината мајка, јасно како ужива во овој голем настан. 

За време на церемонијата, Сури, наводно, го употребила  името „Сури Ноел“ наместо „Сури Круз“, покажувајќи дека, барем јавно, го отфрлила презимето на нејзиниот татко. Минатиот месец, таа, наводно, се претставила како  „Suri Noelle“ кога глумела во претставата на локалната театарска компанија. Дали легално ќе се откаже од презимето на славниот татко како 18-годишната Шајло Џоли, останува да се види.

Сури со помош на нејзината мајка уште од лани почнала да испраќа апликации за прием на факултети. Нејзиниот славен татко нема да и помогне во тоа бидејќи „нема врска“ со своето дете. Сури „испратила некои апликации“ и „наклонува да студира мода на Универзитетот Фордам во Њујорк“, што веројатно би ја израдувало нејзината мајка многу. Имено, Сури конкурира на различни факултети во земјата, а Кејти би сакала таа да остане во Њујорк за да бидат блиску една до друга, таа е многу горда на својата ќерка.

Актерот Том Круз се отуѓил од својата ќерка уште во 2013 година, една година по неговиот развод со Кејти. Во тоа време беше објавено дека Кејти одлучила да го прекине бракот бидејќи се плашела да не подигне дете во духот на скиентологијата, религиозно учење на кое Том е неверојатно посветен. Круз не можеше да ѝ прости да се откаже од бракот и скиентологијата, а се чини дека својот гнев го префрлил на врската со Сури, која „не поминувала време со него цела деценија“, рекол информиран извор и додал: „Таа не оди да ги гледа неговите филмови, а тој не е дел од нејзиниот живот“. Но, за ќерката и плажа голема алиментација, бидејќи така пишува во разводниот договор што поранешните сопружници го склучиле во најголема тајност. Според изворот, Том се согласил да и плаќа на Кејти 400.000 долари месечно додека Сури не наполни 18 години, како и сите медицински и стоматолошки трошоци, осигурување, образование, школување и други воннаставни трошоци . Досега тој целосно го почитувал.