Хрватска на дното на листата по користење интернет во ЕУ


Повеќе од една петтина од хрватските граѓани, или 21 процент, никогаш не користеле интернет, што е алармантна бројка дадена од новите секторски анализи на загребскиот Економски институт, објави Јутарњи лист. Степенот до кој Хрватска заостанува во однос на другите земји од ЕУ во користењето на Интернет е исто така индициран од Индексот за дигитална економија […]

Трамп: Кина сака да преговара за трговската војна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина во текот на ноќта ги контактирала американските трговски службеници, кои велат дека сакаат да се вратат на преговарачката маса, поздравувајќи ја веста како многу позитивен развој за светот. Зборувајќи на маргините на самитот Г-7, Трамп го поздрави кинескиот претседател Си Џинпинг нарекувајќи го голем водач и притоа […]

Во Турција за седум месеци убиени 285 жени


Во првите седум месеци од годинава во Турција се убиени 285 жени. Само во јули на територијата на земјата се убиени 31 жена, пишува весникот „Јени шафак“. Според весникот, во последните седум години, убиствата на жените во земјата се зголемени четири пати. Весникот наведува дека и покрај желбата на заедницата да се спречат насилствата и […]

Иранките на стадион ќе можат да ги следат квалификациите за Светското првенство во фудбал


На жените во Иран првпат по 40 ќе им биде дозволено да присуствуваат на квалификациите за Светското првенство во фудбал, изјави заменик министерот за спорт Џамшид Тагизадехех. – Жените на 10 октомври ќе можат да дојдат на стадионот Асади на квалификацискиот натпревар против Камбоџа. За тоа се исполнети условите и Иран на тој начин ќе […]

Завршува рокот за пријава на кандидати за еврокомесари


Белгија – Земјите членки на ЕУ имаа до денеска рок да ги пријават своите кандидати за еврокомесари за идниот состав на Европската Комисија, Франција и Италија сѐ уште не го сториле тоа. Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Германката Урсула фон дер Лајен, од денеска треба да ја започне процедурата на распределување на портфолијата за новите европски комесари. […]

Меркел: Конструктивен разговор за Иран


Франција – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се искористи секоја можност за да се избегне понатамошна ескалација на кризата за иранската нуклеарна програма. Таа истакна дека лидерите на земјите членки на Г-7 имале добар и конструктивен разговор на Самитот во Биариц на таа тема. По изненадното пристигнување на иранскиот министер за надворешни работи […]

Џонсон: Без договор, не и должиме 42 милијарди евра на ЕУ


Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека Велика Британија нема да должи 42 милијарди евра доколку ја напушти Европската унија без договор. „Мислам дека целата ЕУ разбира дека, ако излеземе без договор, тогаш договорот за 42 милијарди повеќе не важи. Како што многу пати реков, голем дел од тие 42 милијарди ќе ги потрошиме […]

Изненадување на самитот Г7, пристигна иранскиот шеф на дипломатијата


Авионот на иранската влада Ербас А321 слета во францускиот град Биариц каде во тек е самитот на Г7. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата Мохамед Џавад Зариф пристигнал во Биариц. Според извори од француското претседателство, кое е домаќин на форумот, засега не е во план средба со американската делегација. Агенцијата АП […]

Евакуирана плажа во Барселона поради бомба од Граѓанската војна


Шпанската полиција ја евакуираше една од најпознатите плажи во Барселона, по тврдењата дека е пронајдена експлозивна направа. Специјалниот тим за деминирање на плажата Сан Себастијан соопшти дека идентификувале бомба од Шпанската граѓанска војна. Плажата, која беше полна со луѓе е целосно евакуирана и поставен е полициски кордон.

Бела куќа: Трамп навистина жали што не вовел повисоки царини за Кина


Кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал за воведувањето повисоки царини за Кина, тој сакаше да каже дека му е жал што не наметнал повисоки царини, соопшти Белата куќа. Трамп претходно на новинарско прашање дали се предомислува за царините одговори потврдно. Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, сепак, објасни дека станува збор […]

Трамп му вети „многу голем“ трговски договор на Џонсон по „Брегзит“


Американскиот претседател Доналд Трамп вети „многу голем трговски договор“ со Велика Британија по „Брегзит“. Трамп го изјави ова по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Биариц, Франција. Тоа е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер. Говорејќи пред новинарите по средбата, Трамп рече дека […]

Пожари опустошија речиси милион хектари во Боливија


Во Боливија пожарите опустошија 950.000 хектари земја и покрај акциите на пожарникарите кои вчера беа поддржани и од авион Боинг Супертанкер 747-700. Од пожарите уништени се 32 отсто шуми во Чикитано каде живеат околу 2.000 семејства во 11 села и 35 заедници домородно население. Министерот Хуан Рамон Кинтана објави на Твитер дека е задоволен од […]

Бразилската армија се распоредува за гаснење на пожарите во Амазонија


Со поддршка на воени авиони, бразилските војници почнаа да се распоредуваат низ прашуми во Амазонија за да се борат со пожарите што го зафатија регионот со рекорден интензитет. Првата мисија ќе ја извршат 700 војници околу Порто Веља, главниот град на бразилската држава Рондонија, изјави министерот за одбрана Фернандо Асеведо. Шест бразилски држави побарале федерална […]

Француската полиција со водени топови растера демонстранти против средбата на Г-7


Француската полиција употреби водени топови против 400 демонстранти кои протестираа против средбата на врвот на Г7 во Биариц. Полицијата ги затвори и патиштата во соседниот град Бајон. Протестите во Бајон беа во најголем дел мирни, но на крајот денонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења. Полицијата возврати со предупредувачки истрели и потоа и водени […]

Експерти: Зад пожарите во Амазонската Прашума се крие глад за говедско и соја


„Екстензивното одгледување говеда е главен фактор за уништување на Амазонскат Прашума. Нешто повеќе од 65 проценти од амазонското уништување на шумите е денес под пасишта“, тврди Ромуло Батиста, истражувач во Гринпис. Бразил е најголем извозник на говедско месо во светот. Земјата извезе рекордни 1,64 милиони тони месо во 2018 година, според бразилскиот кластер на извозници […]

НАСА ги истражува првите обвинувања за криминал во вселената


НАСА ги истражува наводите против астронаутка која наводно пристапувала до банкарската сметка на својата сопруга од Меѓународната вселенска станица. Тоа може да биде прво обвинување за кривично дело сторено во вселената. Ен Меклејн призна дека пристапувала на сметката на својата разведена сопруга, но изјавила дека не сторила ништо лошо, објави Њујорк Тајмс. Нејзината сопруга Сем […]

Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија


Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот“. Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петокот избувнале нови 1663 пожари. Шефот на ИНПЕ беше отпуштен на почетокот од август, откако […]

Бразил ангажира 44.000 војници за гаснење на пожарите во Амазонија


Бразил објави дека ќе ангажира воени авиони и 44.000 војници за да се справат со пожарите во Амазонската прашума. Министрите за одбрана и за животна средина ги утврдија плановите денеска за борба со огромните пожари по острата реакција од меѓународната заедница и протести против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Бразилскиот претседател одобри војската да се вклучи […]

СЕК ја казни Дојче банк оти вработувала роднини на државни чиновници во Кина и Русија


Американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) направи спогодба со „Дојче банк“ за исплата на казна од повеќе од 16 милиони долари поради непотизам и корупција при водење бизнис во азиско-пацифичкиот регион, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Истрагата на СЕК е во рамките на Закон за странски коруптивни практики од 1970 и опфаќа активности […]

Лидерите на Г-7 поделени како никогаш досега


И покрај несогласувањата околу Иран, Украина или Брегзит, Емануел Макрон, кој ќе им се обрати на Французите денес во 13 часот, повикува да се ревитализира средбата  на богатите земји или Г-7, јави дописникот на МИА. Во 2018 година, претходниот Г-7 имаше резултати распрснати со твитот во текот на ноќта на Доналд Трамп, кој во авионот […]