Австралиските весници протестираат против цензурата


Австралија– Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа. Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат […]

„Сандеј тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година


Англија – Европска Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од Парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј тајмс“. – Одложувањето би било со променлив карактер, што значи Британците би можеле да излезат од […]

Нови протести и судири во Барселона


Шпанија–  Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери. Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата Авенија Меридијан во источниот дел на градот. Како што пренесуваат […]

Германија воведува задолжително вакцинирање против мали сипаници


Германскиот Бундестаг започна со советување за законски измени со кои се воведува обврска да се вакцинираат деца од предучилишна и училишна возраст против мали сипаници, јавуваат германските медиуми. – Мојата желба е ниту едно дете да не заболи од мали сипаници и никој да не умира од последиците од оваа болест, рече државниот секретар во […]

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралија – Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот. – Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Квантас“ на Твитер. Авионот полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот […]

Растат сомнежите за наследничката на Меркел


Германија – Патот на Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел како германската канцеларка се чинеше јасен кога ја замени како лидер на владејачките христијански демократи (ЦДУ) минатиот декември. Десет месеци подоцна, членовите на нејзината партија расправаат дали АКК, како што е позната, е вистинската личност да ја води најмоќната земја и најголемата економија на […]

Парламентарни избори во Швајцарија


Швајцарија– Oколу 5,3 милиони Швајцарци со право на глас бираат 200 пратеници во Долниот и 46 во Горниот дом од Парламентот. Голем број граѓани изминатите недели гласаа по пошта, а одредени избирачки места беа отворени уште од вчера, поради што гласањето завршува денеска на пладне. Според анкетите, популистичката десничарска Народна партија (СВП) најверојатно ќе остане […]

Од Франција депортирани 120 албански државјани


Албанија- На меѓународнот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени  120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната. Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, Прпарим Дема ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се […]

Туск добил писмо од Џонсон во кое бара одложување на Брегзит


Белгија– Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара одложување на Брегзит. Туск наведе дека следат консултации со лидерите на Европската Унија. Џонсон официјално побара од ЕУ да се пролонгира брегзит, но во исто време испрати и писмо во кое посочува дека тој […]

Родова еднаквост: Да ги извадиме мажите од автомобилите


Родовата еднаквост не претставува само еднаква можност за добивање работа, еднакви плати меѓу мажите и жените или еднаква позиција на моќ, туку таа се одразува и во правото на породилно отсуство на родителите, во организацијата на транспортот. Иако Индексот за родова еднаквост на Европа, кој од 2005 година се изработува на секои две години, покажува […]

Туск ја повика Турција на „вистински прекин на огнот“ во северна Сирија


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска рече дека најавата за запирање на турските воени операции во северна Сирија не значи вистински прекин на огнот и ја повика Анкара веднаш да престане со воените активности во земјата. Турција вчера се согласи да ја прекине офанзивата во Сирија на пет дена за да се повлечат курдските […]

Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ


Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година. Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри […]

Квантас тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј. Четириесет патници и членови на екипажот, претежно вработени во „Квантас“, денеска ќе влезат во авионот Боинг 787-9 во Њујорк, а поради 15-часовната временска разлика, авионот треба да слета во Сиднеј во недела наутро. Авионот и неговите патници ќе бидат подложени на тест […]

Ердоган: Нема судири во североисточна Сирија


Во североисточниот дел на Сирија нема никакви судири изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Неговата изјава уследи откако дел од западните медиуми јавија дека се слушаат експлозии на гранати на сириско-турската граница и покрај договореното примирје во траење од пет дена, со цел да се исчисти безбедносната зона од курдските сили. Ердоган посочи дека […]

Генерален штрајк во Каталонија


Во Каталонија денеска е прогласен генерален штрајк: затворени се неколку транспортни артерии во оваа шпанска автономна област, аеродромот во Барселона откажа повеќе од 50 летови, а јавниот транспорт се одвива со зголемени интервали, јавија агенциите. Штрајкот го организираат двата најголеми регионални синдиката – CSC и Алтернатива за Каталонија, а е во врска со изрекувањето на […]

Пуџдемон им се предаде на белгиските власти, одбива екстрадиција


Поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пуџдемон им се предаде на белгиските правосудни органи, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење, а после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија. Пуџдемон, придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, соопшти неговата канцеларија. Се додава и […]

Британскиот парламент бара анализа на договорот за Брегзит


Комисијата за финансии при британскиот Парламент побара од Министерството за финансии да состави нова прогноза на трошоците за излез од ЕУ според новиот договор со Брисел. Комисијата смета дека тоа е неопходно пред утрешното гласање за документот во законодавниот дом на Британија. – Неприфатливо е што Комисијата не ја добила оваа информација од Министерството за […]

Уште еден договор за „Брегзит“ во последен момент


Брисел – Британија во четвртокот во последен момент постигна договор за „Брегзит“ со Европската Унија, но сепак е соочена со предизвикот да го одобри Парламентот. „Онаму каде што има волја, има договор – ние имаме. Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и Велика Британија и е сведоштво за нашата посветеност да изнајдеме решенија“, […]

Данчила: Мандатарот не може да одлучува за романскиот еврокомесар


Романската премиерка во заминување Виорика Данчила, синоќа на прес конференција изјави дека Лудовик Орбамн, кој од претседателот  Клаус Јоханис е предложен за нов романски премиер, не може да донесува одлуки за еврокомесарот што Романија треба да го даде во новиот состав на Европската комисија во Брисел, пренесе Аџерпрес. Данчила кажа дека претседателот Јоханис направил „голема […]

Европол: Жените способни за кривични дела колку и мажите


Жените се исто толку способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од веб-страницата на најбараните жени бегалци во Европа. Според соопштението на Европол, бројот на жени вклучени во криминални активности се зголеми во последните децении, иако темпото на тој раст е побавен од оној на мажите. Како едно објаснување за овој […]