Само 19 заразени со новиот коронавирус во Кина за 24 часа


Пекинг- Националната здравствена комисија на Кина денеска објави за само 19 нови случаи на заболени од новиот коронавирус во земјата (со исклучок на Хонг Конг и Макао) во последните 24 часа.

Тоа е најмал број заразени во Кина откако властите започнаа да даваат национални податоци на 20 јануари. Седумнаесет од новите случаи се во градот Вухан, епицентарот на епидемијата.

Вкупниот број потврдени случаи во Кина достигна 80.754.

Во изминатите 24 часа коронавирусот предизвика смрт на 17 лица, сите во Вухан, главниот град на централниот дел на Хубеи. Со тоа, вкупниот број на луѓе кои починаа од инфекцијата во Кина достигна 3.136.

Од новиот коронавирус оздравеле досега 59.897 луѓе.