Ленин ќе добие прв споменик во западна Германија


Статуите на Ленин порано беа поставувани само во градовите на некогашната ГДР

Во германскиот град Гелзенкирхен наскоро ќе биде подигната статуа на Владимир Ленин по долготрајната битка меѓу левичарска партија и градските власти.

Гелзенкирхен, во центарот на долината Рур, некогаш индустриско срце на Германија, ќе биде првиот западен германски град со статуа на основачот на руската комунистичка партија.

Додека статуите на Ленин некогаш се наоѓаа на плоштадите во градовите и општините низ комунистичкиот исток, ГДР, се смета дека ниедна досега не била подигната на јавен простор во западна Германија.

Судот сега даде дозвола за Марксистичко-ленинистичката партија на Германија, (МЛПД), да ја постави металната статуа пред нејзиниот штаб. Градските власти се обидоа да ја запрат статуата, нарачувајќи запирање на изградбата на бетонски пиедестал на кој треба да биде поставена. Тие тврдеа дека статуата ќе го „наруши погледот“ на соседна заштитена зграда, филијала за градежното друштво од 1930-тите. Според градот, „тоа би значело дека погледот на набљудувачот на историската зграда повеќе нема да биде неограничен“.

Но МЛПД, која е сопственик на зградата, се бореше со ограничувањата и ја нарече одлуката на судот да дозволи да ја подигне статуата, „фантастична победа за Владимир Илич Ленин“. Шефот на МЛПД, Габи Фехтнер, изјави за германските медиуми: „Ние сме навистина среќни. Гелзенкирхен е град на работниците и Ленин добро се вклопува тука “.

Статуата – во која Ленин ја држи десната рака – треба да биде откриена на 14 март на церемонијата на која се очекува да привлече левичарски поддржувачи од целата земја. Споменикот од леано железо од 2,15 метри е направен во 1930-тите во Советскиот Сојуз. Тој беше купен од МЛПД од град во Чешка за неоткриена сума, по спроведување на онлајн аукција.

МЛПД е основана во 1982 година и е под опсервација на германското разузнавање, кое смета дека партијата е екстремистичка и противуставна. (Гардијан)