Корона вирусот „влезе“ во седиштето на НАТО во Брисел


Службеник на НАТО, кој работи во седиштето на алијансата во Брисел е позитивен на корона вирус, откако се вратил од италија.

Од НАТО ја потврдија информацијата, дека еден нивни вработен е позитивен на корона вирус.

Во соопштението се вели дека тој се вратил од одмор во северна Италија, и дека се чувствувал многу лошо минатата недела, по што е тестиран на вирусот откако ги имал сите симтоми на грип. Во моментот е во изолација дома.

Откако се добиле неговите резултати за неколку минути биле известени сите негови колеги на кои им е препорачано да работат од дома.

Од НАТО велат дека ги презеле сите мерки за превентива во своето седиште врз основа на насоките од Светската задравствена организација.

Привремено се суспендирани сите патувања на нивните членови, вработените се упатуваат да работат од дома, а откажани се и сите групни посети на седиштето на НАТО во Брисел.