Во Иран 27 лица починаа од алкохол, верувајќи дека лекува коронавирус


Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Иран, по Кина и Италија, е една од најтешко погодените земји од Ковид-19.

ИРНА соопшти дека 20 лица починале од труење со алкохол во покраината Хузестан, а седуммина во Алборз, покраина која граничи со Техеран. Агенцијата, повикувајќи се на локалните здравствени власти, соопшти дека 2018 лица биле примени во болница поради труење со алкохол.

Конзументите поверувале на „гласините дека алкохолот помага во лекувањето на болеста предизвикана од коронавирус“, појаснува ИРНА, потсетувајќи дека во таа земја продажбата и пиењето алкохол се незаконски.