Велика Британија е најголем купувач на руско злато


Русија– Според царинските податоци, во 2019 година Русија го продала речиси целото злато наменето за извоз на Велика Британија, објави „Москва тајмс“.

Царинските податоци покажуваат дека Велика Британија минатата година купила злато вредно 5,33 милијарди американски долари од Русија, или 93 проценти од извозот на Русија.

Русија извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари во 2019 година.

Купувањето на руско злато во Велика Британија е двојно во однос на 2018 година, кога изнесуваше 433 милиони долари.

Извозот на злато на Русија во Велика Британија се зголеми за единаесет пати, од 10,4 метрички тони во 2018 година на 113,5 тони минатата година.