Откриен европскиот „нулти пациент“?


Берлин – Германец стар 33 години можеби е првиот европјанин кој се заразил од новиот коронавирус и го пренел на други жители од европските земји.

Тоа тврдењето е поднесено во писмо од германски лекари, кое го објавил медицинскиот весник New Ingland zurnal of medicine

Тој имал респираторни симптоми и треска на 24 јануари, а кога му се  чинело дека неговото здравје се подобрува, се вратил на работа на 27 јануари.

Тој претходно бил  на состанок на кој присуствувала и негова колешка од Шангај, која престојувала во  Германија од 19 до 22 јануари.

За време на престојот во Германија, таа немала никакви проблеми, но откако се вратила во Кина,  почнала да се чувствува лошо, а на 26 јануари е потврдено дека е заразена со коронавирус, пренесува италијанскиот весник „Кориере дел Сера“.

Жената ги известила германските партнери, кои тогаш биле тестирани за коронавирус, а кај 33-годишен маж бил потврден првиот случај на инфекција.

По него, тројца други Германци, кои присуствуваа на состанокот со партнерот од Шангај, биле позитивни на вирусот.

Текстот забележува дека во овој случај инфекцијата се пренесува кога симптомите се многу благи и неспецифични.

Затоа германските лекари предупредуваат дека вирусот е присутен во големи количини во човечката плунка и во периодот на негово закрепнување, што претставува проблем на пренесување на вируси дури и по престанокот на симптомите.

– Фактот дека инфекцијата може да биде присутна во телото дури и откако ќе исчезнат симптомите е веќе познат -, потврдува Валтер Ричари, претставник на Извршниот одбор на Светската здравствена организација.

Инфектолозите посочуваат дека ова е причината зошто следењето на пациентите кои се отпуштени по хоспитализација е исклучително важно и препорачуваат редовно да го бришат брисот и по испуштањето.