Од коронавирусот закрепнале околу 54.000 лица

Швајцарија– Од коронавирусот досега закрепнале повеќе од 53.972 лица низ светот, се наведува на сајтот Ворлдометарс, кој користи податоци од светски службени и новински агенции.

Со новиот коронавирус досега се заразиле 96.779 лица, а моментниот број изнесува 39.499, од кои 84 отсто (33.078) имаат полесен облик на болеста, а 16 отсто (6.421) се наоѓаат во критична состојба.

Смртноста од Ковид-19, според извештаите на Светската здравствена организација, е 3,4 проценти, а проширен е на територијата на 87 држави.

Земјата во која има најголем број заразени е Кина, каде од последиците на коронавирусот починаа 3.013 луѓе. Според бројот на инфицирани од Ковид-19 на второ место се наоѓа Јужна Кореја, потоа Иран, а во Европа најмногу заболени има во Италија.