Џонсон: Мерките ќе се олеснуваат со „детски чекори“


Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус ќе се одвива со „детски чекори“. Премиерот Џонсон исто така предупреди дека може да се вратат мерките доколку стапката на заразени повторно се зголеми, пренесува британскиот весник „Индипендент“ на својата веб-страница. Во Велика Британија се заразени 223.060 лица, […]

Словенија ги отвори меѓународните аеродроми


По повеќе од два месеца Словенија повторно ги отвори меѓународните аеродроми.На аеродромите во Љубљана, Марибор и Порторож од утрово се дозволени интернационални летови од земјите членки на Европската унија, но и оние од трети земји, соопштија од Владата. Бригита Зорец, претставник на компанијата Фрапорт, која оперира со аеродромот Брник крај Љубљана, изјави дека сите оние […]

Ханделсблат: Границите во ЕУ да се отворат во наредните 30 дена


Европската Унија планира да ги укине мерките за контрола на границата во Шенген зоната во наредните 30 дена, тврди германскиот весник „Ханделсблат“. Европската комисија утре ќе го претстави својот план за враќање на нормалноста во слободата на патување, а некои детали, според весникот, се веќе објавени. „Притисокот врз сите министри за внатрешни работи на ЕУ […]

(Видео) Трамп нагло прекина прес конференција, го налути новинарка


Американскиот претседател Доналд Трамп нагло прекина прес конференција, откако на една новинарка со азиско потекло на поставено прашање и одговори да ја праша Кина, пренесува Си-Ен-Ен. Имено, Веија Jианг, дописничка на Си-Би-Ес од Белата куќа, го праша Трамп зошто тој ја гледа сегашната криза како меѓународен натпревар, кога загинаа повеќе од 80.000 Американци. – Можеби […]

Сите жители на Вухан ќе бидат тестирани за корона вирусот


Оперативниот штаб на Вухан наложи за десет дена да се изврши скрининг на населението за Ковид-19, откако се појавија нови случаи на заразени во градот. На 9 мај, за прв пат во Вухан беше забележан нов случај на зараза со коронавирусот по завршувањето на пандемијата, како и 16 асимптоматски носители на вирусот. Точно 24 подоцна, […]

Бразил испраќа армија за заштита на Амазонија


Потпретседателот на Бразил Хамилтон Моура изјави дека почнало распоредување на трупи за заштита на Амазонија, почнувајќи со сојузната држава Рондонија на границата со Боливија. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро минатата недела донесе уредба со која се дозволува распоредување на војската, слично како минатата година, по разорните пожари и интензивното сечење на шумите. Оваа година армијата се […]

Отворена истрага против Валери Жискар Дестен за сексуално злоставување


Париското Обвинителство отворило  истрага против поранешниот француски претседател Валери Жисар Дестен (94) под обвинение за сексуална злоупотреба на германска новинрка. Според обвинителството, истрагата против Дестен е отворена врз основа на тврдењата на новинарка на германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ дека поранешниот француски претседател сексуално ја нападнал за време на интервју во 2018 година. Според германскиот весник […]

Бела куќа: На сите милион луѓе во домови за нега на стари лица да се изврши анализа за новиот корона вирус


Белата куќа препорачува сите жители во домови за нега на стари лица во САД и персоналот да бидат тестирани за новиот корона вирус во наредните две недели. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ја предводи работната група за борба со новиот корона вирус им изјави на  гувернерите денеска во видео конференција дека федералната Влада силно […]

Русија ќе се отвора и покрај рекордниот скок на инфицирани


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави крај на шестнеделното затворање на земјата и покрај рекордниот скок во случаи на корона вирус, во исто време кога многу европски земји ги олеснија своите ограничувања со отворање на некои продавници и училишта. Во телевизиско обраќање, претседателот на Русија рече дека неговите граѓани можат да се вратат на работа […]

Голем пораст во бројот на починати од Ковид-19 денеска во Франција


  Бројот на починати од корона вирусот во Франција денеска порасна за 263. Тоа е значително повеќе од 70, колку што беа регистрирани вчера. Вкупниот број починати во Франција од корона вирус изнсува 26.643, наведе Министерството за здравство, што е најголем број по САД, Британија, Италија и Шпанија. На одделенијата за интензивна нега денеска се […]

Орбан сега им се налути на сите нордиски земји


Будимпешта вели дека не сака „лицемерно туторство“ од никого и дека ќе оди по својот пат   Будимпешта – Унгарија во понеделникот ги повика амбасадорите на четири нордиски земји во врска со критиките на нивните земји за контроверзниот закон со кој му се дава овластување на премиерот Виктор Орбан да владее со декрети во борбата […]

Италијанците ќе добијат до 500 евра од државата ако купат нов велосипед


Италијанската Влада ќе понуди субвенционирање на 70 проценти или до 500 евра за набавка на нов велосипед или електричен скутер, јави ДПА. Министерката за транспорт, Паола де Микели, изјави денеска дека мерката ќе биде дел од претстојниот пакет економски стимул од 55 милијарди евра за италијанската економија погодена од коронавирусот. За време на видео конференцијата […]

Се помалку новозаразени во Италија – денеска 744


Во Италија според најновите податоци во последните 24 часа забележани се 744 нови случаи на заразени со корона вирус, што претставува пад од 7 отсто, во однос на ден претходно кога беа регистрирани 802 нови случаи. Според Агенцијата за цивилна заштита на Италија, во последните 24 часа пак, починале 179 луѓе, а оздравеле 1.401. Италија […]

 БиХ набавила 100 неупотребливи респиратори од Кина


Сто респиратори од Кина што неодамна ги набавил кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина за болници во ентитетот се неупотребливи и нема да се користат на одделенија за интензивна нега на тешки пациенти со коронавирус, потврди обвинителството на БиХ. Државното обвинителство појасни дека истрагата за спорната набавка на респиратори, отворена на 4 мај, спровела […]

Ципрас има мотор, Каменос јахта, Мицотакис пет возила


Каменос и сопругата пријавиле делумна или целосна сопственост на 66 недвижнини, Мицотакис и сопругата на 32, Ципрас и партнерката на две недвижнини, дел од грчките политичари со стотици илјади евра во банка и акции, други со само по неколку евра, едни со по еден автомобил, други со неколку возила и јахта, покажуваат пријавите за имотната […]

Врховниот суд ќе решава дали да се проверат даночните пријави на Трамп


За утре закажано е рочиште во Врховниот суд на САД кога ќе се разгледуваат аргументите на американскиот Конгрес и јавниот обвинител на Њујорк за пристап до даночните пријави на американскиот претседател Доналд Трамп. Правната битка за пристап до информации за уплата на даноци, парични трансакции и книговодствени материјали на Трамп, која започна лани пролетта, се […]

Лондон против Вашингтон, не поддржува анексија на Западниот Брег


Велика Британија нема да ја поддржи израелската анексија на делови од Западниот Брег, затоа што тоа ќе го отежне постигнувањето мировно решение со Палестинците, изјави денеска државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Џејмс Клеверли. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека на Израел е оставена одлуката дали да анектира делови од окупираниот Западен […]

Се продаваат хотели на Халкидики поради кризата


Околу 70 хотели на Халкидики се ставени на продажба откако паднаа во финансиска криза поради корона вирусот. Цената на хотелите зависи од локацијата, капацитетот и годината на изградба на самиот хотел. Така еден од попознатите Хотелот „Палини“ во Касандра има цена од точно 12 милиони евра,а на продажба се и други помали и поголеми хотели […]

Хотел во Атина го попречувал погледот на Акропол. Ќе мора да урне два спрата


 Туристичката треска ја зголеми алчноста на инвеститорите за градење хотели во подножјето на Акропол   Атина – Битката околу правото да уживате во чист поглед поглед на Акропол резултираше со наредба на хотел со пет ѕвезди да ги урне неговите два највисоки спрата, пресуда што ја поздравија жителите на Атина. Во сопственост на „Коко-Мат“, грчки […]

Најмалку 10 загинати во пожар во старечки дом во Русија предизвикан од неисправни инсталации


Во старечки дом во местото Красногорск, во непосредна близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале десет лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион. „Според првичните податоци, пожарот избувнал поради неисправни инсталации“, за Тасс изјавија иследниците. Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во […]