Сите жители на Вухан ќе бидат тестирани за корона вирусот

Оперативниот штаб на Вухан наложи за десет дена да се изврши скрининг на населението за Ковид-19, откако се појавија нови случаи на заразени во градот.

На 9 мај, за прв пат во Вухан беше забележан нов случај на зараза со коронавирусот по завршувањето на пандемијата, како и 16 асимптоматски носители на вирусот.

Точно 24 подоцна, пет лица покажаа клинички знаци на болеста и беа прекласифицирани како потврдени случаи. Ова доведе епидемиолошка закана во областа да се зголеми од ниска на средна.

На 18 април, Вухан беше одреден како област со низок ризик, а на 26 април, болница во градот го отпушти последниот пациент со коронавирусот.

Оперативниот штаб во Вухан за борба против Ковид-19 сега испратил итна порака до сите оперативни штабови во градските области во врска со ситуацијата.

Донесена е одлука да се спроведе скрининг на целото население во Вухан за присуство на вирусна нуклеинска киселина, а тестовите треба да бидат завршени во рок од 10 дена.

На 8 април властите во Кина целосно ја укинаа сообраќајната изолација на Вухан и им дозволија на луѓето да го напуштат градот, кој поради коронавирусот 76 дена беше отсечен од светот.

Во Вухан живеат околу 11 милиони луѓе.