(Видео) Трамп нагло прекина прес конференција, го налути новинарка


Американскиот претседател Доналд Трамп нагло прекина прес конференција, откако на една новинарка со азиско потекло на поставено прашање и одговори да ја праша Кина, пренесува Си-Ен-Ен.

Имено, Веија Jианг, дописничка на Си-Би-Ес од Белата куќа, го праша Трамп зошто тој ја гледа сегашната криза како меѓународен натпревар, кога загинаа повеќе од 80.000 Американци.

– Можеби тоа е прашање што треба да и го поставите на Кина, и одговори Трамп на новинарката која е родена во Кина и емигрирала во САД на двегодишна возраст.

– Не ме прашувајте мене, тоа прашање поставете и го на Кина, добро?, рече американскиот претседател.

Трамп се обиде да премине на прашања од други новинари, но Јианг се вмешала и прашала зошто тој одговор и го упатил конкретно на неа.

– Не го кажувам тоа на некого особено, тоа му го кажувам на секој што поставува гадно прашање, рече Трамп.

Потоа на ред дојде друга новинарка, која сакала да постави две прашања, но претходно и дозволи на Jианг да си ја заврши работата и не одговори на првиот повик на Трамп.

Сепак, кога се доближи до микрофонот, Трамп одби да одговори.

– Но покажавте на мене, ме повикавте да дојдам, рече новинарката.

Трамп го потврди тоа, но не беше задоволен од нејзината задоцнета реакција.

– Не одговоривте на повикот, рече американскиот претседател.

Новинарката одговори дека сакала да и дозволи на колешката да заврши, а после тоа Трамп нагло ја заврши прес конференцијата.