Данската кралица Маргрет го прослави 80-от роденден во карантин


Данска (АФП) – Данците излегоа надвор да ѝ посакаат на својата популарна кралица Маргрет среќен 80-ти роденден, пеејќи и мавтајќи со црвено-бели дански знамиња, и покрај полу-мерките за заштита од коронавирусот. Големите свечености беа откажани поради новиот вирус, но Данците од сите возрасти стоеја на балконите, на улиците, во парковите и нивните станови, почитувајќи ги […]

Дутерте: Кој не почитува карантин, војската ќе му пресуди „по кратка постапка“


Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе примени „воен суд по кратка постапка“ во случај на непочитување на едномесечниот карантин, воведен поради епидемијата на корона вирус во регионите каде најмногу се прекршува. Тој рече дека ќе им наложи на полицијата и војската стриктно да водат сметка за примената на мерката за физичка дистанца и […]

Шефот на Одделот за респираторни вируси во СЗО: По оздравувањето од Ковид-19 остануваат траги


Шефот на Одделот за респираторни вируси при Светската здравствена организација (СЗО) Ричард Пибоди изјави дека по оздравувањето од Ковид-19 кај тоа лице може да се најдат траги од корона вирусот. – Знаеме дека луѓето се најзаразни од кога ќе почнат да ги покажуваат првите симптоми. А откако ќе оздрават, кај тие луѓе можно е да […]

Кина призна дека ги изброила „грешно“ мртвите во Вухан


Агенцијата Франс Прес утрово јави дека Кина го признала манипулирање со бројките на мртвите во жариштето на епидемијата, Вухан. Место официјалната бројка, реалната била повисока за 50 отсто, односно умреле вкупно 3.869 лица. До вчера светот се воодушевуваше од ефикасноста на кинеските власти во справувањето на епидемијата, но се покажа дека ниту одговорот бил толку […]

Белгија со нависока стапка на смртност од ковид-19


Белгија има највисока стапка на смртност од корона вирусот на светот, која, според анализите на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, изнесува 13,4 отсто. Една од причините за тоа е драматичната состојба во домовите за стари лица. Ендру Престона од Универзитетот во Бату вели дека стапката на смртност генерално е повисока во популации со поголем број стари […]

Јапонија воведе вонредна состојба во цела земја


Јапонија прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Како што објави синоќа Би-Би-Си, мерката, која ќе биде во сила до 6 мај, им овозможува на регионалните власти да побараат од луѓето да останат во домовите, но не предвидуваат казнени мерки. Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна […]

Исланд спроведе масовно тестирање, 42 отсто од позитивните без симптоми


Исланд спроведе тестирање за новиот корона вирус на 10 отсто од својата популација, а оваа мала земја од 364.000 жители, почна со тестирање еден месец пред да се потврди првиот пациент на таа територија. Студијата објавена оваа недела во американското научно списание New England Journal of Medicine од исландски научници и локалната компанија deCODE Genetics, […]

Саудиска Арабија ќе донира 500 милиони долари за борба против коронавирусот


Саудиска Арабија, која во моментов претседава со Г-20, денеска соопшти дека ќе донира 500 милиони долари за поддршка на глобалната борба против пандемијата на корона вирус и ги повика другите земји и организации да донираат средства. Од споменатите средства, 150 милиони американски долари се наменети за Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации, 150 милиони долари за […]

Во Милано прва биолошка банка за лекување и вакцина за ковид-19


Миланскиот универзитет и болницата „Фатебенефратели Сако“ започнаа проект наречен „Биолошка банка“, кој опфаќа собирање и складирање на сите биолошки примероци, крв и ткиво, кои се поврзани со корона вирусот, што претставува можност за студирање и развој на стратегија за дијагностика и терапија, вклучително и вакцина. Банката БПМ донираше 800.000 евра за отворање на лабораторијата и […]

Клучните шест дена кога Кина молчеше за заразата од корона вирусот


Обидот на Кина да чекори на танката линија помеѓу алармирање на јавноста и избегнување паника, ја постави сцената за пандемијата што зарази повеќе од два милиони луѓе и однесе повеќе од 145.000 животи, пишува во опсежната приказна АП   Шест дена откако врвните кинески функционери тајно утврдија дека најверојатно се соочуваат со пандемија од нов […]

Европската народна партија ќе ја исфрли Фидес на Орбан до крајот на годинава?


„Тоа нема никаква врска со духот на демократијата“, вели Лидерот на ЕПП, Доналд Туск, за законот за вонредни ситуации кој на Виктор Орбан му дава широки овластувања   Доналд Туск во четвртокот изјави дека политичката групација до крајот на годинава ќе ја исфрли партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во интервју за германски „Дер […]

Путин ја одложи воената парада закажана за 9 мај


Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи парадата за Денот на победата на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва поради пандемијата на корона вирусот. Оваа година се прославува 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година, а годишната воена парада претходно никогаш не била одложена. Путин рече дека Русија се соочува […]

Над илјада Индијци се заразиле од корона вирус на собир во џамија


Мухамед Саад Кандалви, лидерот на муслиманската група Таблиги џамат, е обвинет за убиство во Индија, откако одржа собир во Њу Делхи по што дојде до масовно заразување луѓе со новиот коронавирус. Полицијата наведе дека Кандиви ги игнорирал предупредувањата да го прекине собирот во џамија во главниот град во март, јави Би-Би-Си.Се претпоставува дека 1.023 лица […]

САД издејствуваа согласност од Г-7 за ревизија на работата на СЗО


Лидерите на земјите-членки на Г-7 на денешната видео-конференција се согласија да се покрене ревизија на реформскиот процес во Светска здравствена организација и се заложија за примена на координиран глобален пристап во борбата против пандемијата со новиот коронавирус, соопшти Белата куќа. – Лидерите на земјите-членки на Г-7 констаираа дека годишно за СЗО се издвојуваат повеќе од […]

Британија ги продолжи мерките за справување со Ковид-19 уште три недели


Велика Британија денеска ги продолжи мерките за справување со корона вирусот за уште три недели, при што вршителот на должноста премиер Доминик Раб им порача на граѓаните да останат дома. – Стигнавме толку далеку, изгубивме многу сакани, многу се жртвувавме за сега да попуштиме, особено кога гледаме дека нашите напори даваат резултати, рече Раб. По […]

Во Франција 753 нови смртни случаи од Ковид-19


Во Франција од почетокот на епидемијата со Ковид-19 починаа 17. 920 лица, односно 753 нови смртни случаи за последните 24 часа. Според информациите кои ги даде генералниот директор за здравство Жером Саломон, од вкупно 17.920  смртни случаи, 11.060 се регистрирани во болниците, додека 6.860 во старечките домови и социјалните установи. Вечерва на болничко лекување се […]

(Видео) Гувернерот на Најроби дели коњак на населението како лек против Ковид-19


Гувернерот на Најроби Мајк Мбуви Сонко на сиромашното население во главниот град на Кенија дели коњак, тврдејќи дека штити од новиот корона вирус. Гувернерот, кој минатата година беше уапсен за корупција, оваа недела на социјалните мрежи објави фотографија од шишиња коњак „хенеси“, кои се нашле меѓу пакетите со основни намирници. Повикувајќи се на наводни резултати […]

Заразата во Италија не стивнува – денеска 525 починати


Студен туш во Италија пред расправата за отворањето на земјата. По деновите на бавно и постојано намалување, податоците за новите инфекции се зголемуваат. И тоа не малку. Вчера имаше 2.227 нови случаи, а денес се искачија на 3.786. Мртвите сѐ уште се многу: 525 во последните 24 часа. Спроведени биле повеќе од 60 илјади тестови, […]

Над 760.000 казни за непочитување на рестриктивните мерки во Франција


Француските сили на редот за еден месец од стапување во сила на ограничувачките мерки за движење, извршиле над  12,5 милиони проверки, притоа изрекле  762.106 казни за непочитување на мерките. -Силите на редот извршија скоро 12,6 милиони проверки и изрекоа  762.106 казни,  изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, за време на сослушувањето од страна на […]

Шпанија ја надмина бројката од 19.000 починати


Откако 551 лице починаа во последниот ден Шпанија ја надмина бројката од 19.000 смртни случаи од корона вирусот. Вкупната бројка сега изнесува 19.130. Исто така, забележани се 5.183 нови случаи на Ковид-19, со што сега има 182.816 инфицирани – што ја става Шпанија на второ место во светот зад САД. Се зголемуваат загриженоста дека бројот […]