И Велика Британија ќе воведе карантин за странците


Велика Британија „во оваа фаза“ нема да примени мерки за карантин кон патниците кои доаѓаат од Франција, соопштија  кабинетите на британскиот премиер Борис Џонсон и на францускиот претседател Емануел Макрон по нивниот вчерашен телефонски разговор.

Макрон и Џонсон заеднички нотирале дека воведувањето вакви мерки би било реципрочно и дека тоа ќе може да се случи дури по меѓусебни консултации, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон синоќа во говор пред нацијата кажа дека „наскоро ќе дојде време да воведеме карантин за луѓето што со авион доаѓаат во Велика Британија“.

Во изјава од неговиот кабинет, сепак, се забележува дека „мерките за карантин во оваа фаза нема да важат за патниците од Франција“.

Претходно, канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека „сите мерки од двете страни ќе бидат преземени на усогласен и реципрочен начин“.