Во Италија прв пат од март помалку од 1.000 новозаразени, 165 починаа


 

Во Италија од корона вирус во последните 24 часа починаа 165 пациенти, што е за околу 30 помалку од вчера.

Потврдени се 802 нови случаи, што е за околу 300 помалку отколку во саботата, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита.

Овој број од 9 март наваму е најмал и кај новозаболените и кај починатите, наведува Ројтерс.

Вкупниот број починати достигна 30.560 лица, така што Италија останува на трето место во светот.

Се доава дека по прв пат од март бројот на новзаболените во еден ден е помал од 1.000, а вкупно од оваа болес заболеа 219.070 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 1.027 лица, додека од почеток на епидемијата излечени се 103.031 пациенти.