САД одобрија нов тест за антитела на корона вирус


Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот корона вирус, соопшти прес службата на Агенцијата.

Тестот е расработен од американската компанија Квидел (Quidel). Тестот покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница. Овој тест на антитела е третиот одобрен од американските здравствени власти. За разлика од други тестови, примерокот можат да го земаат и лица кои не се стручни, и е лесен за користење во активната фаза на болеста.

Дебора Биркс, координаторка на Белата куќа во борбата против ширењето на корона вирусот го оквалификува тестот како „вистински пробив во вирусологијата“.