Американскиот потпретседател Мајк Пенс е во самоизолација


САД – Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се наоѓа во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговиот портпарол е заразен со коронавирусот, пренесува Блумберг, повикувајќи се на тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Пенс, во саботата,  не присуствуваше на состанокот со  претседателот Доналд Трамп и восоко рангираните воени претставници.

Еден од изворте на Блумберг наведе дека вчерашниот резултат на Пенс на тестирањето за присуство на коронаворус бил негативен.

Тој додава дека Трамп и Пенс редовно се тестираат.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар, пренесуваат британските медиуми.

Во Белата куќа пред неколку дена беа пријавени два случаи на коронавирус, предизвикувајќи стравувања дека и претседателот и потпретседателот се заразени.