„Џонсон и Џонсон“ планира да прозиведе милијарда вакцини против корона


Илустрација

Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ планира следната година да произведе милијарда вакцини против новиот корона вирус.

Ова го најави претставник на компанијата Пол Стофелс кој рече дека клиничките тестирања на вакцината ќе почнат во септември, пренесе Си-ен-ен.

„Се надевам дека резултати ќе имаме до крајот на годината“, рече Стофелс и додаде дека до тогаш би требало и да почне производството на вакцините.

Како што појасни, клиничките испитувања се неопходни за да се покаже дали вакцината е ефикасна, за што е потребно време.

„Ќе имаме вакцина уште оваа година, но зависи од властите – ФДА и другите дали ќе може да се користи“, рече Стофелс.