Научниците од Оксфорд дојдоа до ветувачки наоди за вакцината против корона вирусот


Вакцината против корона вирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи. Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ минатиот месец соопшти дека се здружил со истражувачите од Оксфордската група за […]

Балтичките земји ги отворија меѓусебните граници


Литванија, Летонија и Естонија денеска на полноќ ги отворија своите меѓусебни граници, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамки на Европската унија во обид да ги активираат економиите, погодени од пандемијата на новиот коронавирус. Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека од патниците од трети земји ќе се […]

Борел: Потребна е независна истрага за потеклото на корона вирусот


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на корона вирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Борел, исто така, ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на корона вирусот. „Неопходна е независна научна […]

Носење заштитни маски на улица станува задолжително во Лос Анџелес


Носењето маски во Лос Анџелес на отворено сега е задолжително за сите лица над две години. Целта е да се помогне да се запре ширењето на корона вирусот. Тоа го изјави градоначалникот Ерик Гарсети. – Носењето маски кога излегувате од дома помага во заштитата на луѓето со кои влегуваме во контакт. Бараме сите во Лоа […]

Рускиот министер за образование заразен со корна вирус


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека министерот за образование на земјата е заразен со корона вирус. Тоа е шести функционер кој доби Ковид-19 во текот на пандемијата. Во Русија до сега заразени се повеќе од 250.000 луѓе, јави Ројтерс. Но, властите јавија за намален раст затоа што известија дека бројот заразени денеска е […]

Италијанскиот премиер се закани дека ќе излезат од ЕУ поради туристичките коридори


Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја критикуваше Европската Унија за планот за туристичката сезона која предвидува таканаречени зелени коридори меѓу земјите на ЕУ и се закани со излегување од Унијата поради ваквата стратегија. Предложените туристички коридори би овозможиле на одредени земји со ниска стапка на зараза од Ковид-19 или они во значаен пад да пропуштаат посетители […]

Германска вакцина против корона вирус: Животните развиле имунитет


  Германската компанија „Кјурвак“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против новиот вид корона вирус предизвикала имуносен одговор кај животните на кои им е дадена помала доза. Компанијата најави дека има намера да почне со испитување на луѓе во јуни и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки оговор […]

Драматичен пораст на пиењето алкохол во Финска за време на корона кризата


Статистиката открива дека продажбата на алкохол во Финска се зголемила за 23 проценти во април во однос на претходната година. Финскиот национален монопол за алкохолни пијалаци, Алко, забележа дека продажбата на виното розе се зголемила за 40 отсто тој месец, додека црвените и белите вина забележале раст од 35 и 28 проценти, соодветно. Ако ништо […]

Барање за останување во Велика Британија поднеле 3,5 милиони граѓани на ЕУ


  Повеќе од 3,5 милиони граѓани на ЕУ поднеле барање за останување во Велика Британија под условите претставени по референдумот, соопшти британската влада. Вкупниот број е близу бројот на европски граѓани кои живееле во Британија пред референдумот за напуштање на Европската Унија во јуни 2016 година. Тоа покажува дека не се случи егзодус кој го […]

ЕУ е против „трка“ со САД за вакцината за Ковид-19


По повод најавата на САД дека се „први во редот“ за добивање на вакцината против Ковид-19, која ја развива француската компанија „Санофи“, европски дипломати од Брисел порачаа дека тоа не е „трка“ и ја повикаа администрацијата во Вашингтон да се приклучи кон глобалните напори за истражување, производство и дистрибуција на идната вакцина. По најавата на […]

УНХЦР бара продолжена поддршка за заштита на присилно раселените лица во светот од корона вирусот


Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, бара 745 милиони американски долари додека забрзано се подготвува за да го спречи избивањето на КОВИД-19 помеѓу бегалците и останатите раселени лица ширум светот. Толкав е делот на УНХЦР во ревидираниот Глобален план на ОН за хуманитарен одговор кој побара 6,7 милијарди американски долари минатиот четврток. Како што […]

ЕК ја запре испорака на десет милиони маски набавени од Кина


Откако властите на Полска и Холандија соопштија дека од Брисел им биле доставени заштитни медицински маски кои не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет, Европската комисија ја запре испораката на цел контингент маски, набавени за да им помогнат на земјите членки во борбата со Ковид-19. Заштитните маски биле набавени од Кина, купени со средства на […]

Пентагон објави извештаи за средбите на американската војска со НЛО


Пентагон објави три чувствителни извештаи за средби  меѓу американските воздухопловни сили и наводни неидентификувани летачки објекти (НЛО), јави денеска Си-Ен-Ен. Извештаите откриваат детали за инциденти кои минатиот месец уште еднаш го привлекоа вниманието на јавноста кога Министерството за одбрана од видео снимките што ги документираат воздушни средби на воени пилоти со наводни НЛО-а ја отстрани […]

Европската агенција за здравство: Вакцината за Ковид-19 за една година и тоа како оптимистичко сценарио


Вакцината против корона вирус може да биде подготвена за една година и тоа е оптимистичко сценарио, објави Европската здравствена агенција (ЕМЕА). Оваа своја претпоставка Агенцијата ја темели на податоците добиени од голем број експерименти. -Доколку се оди според планот, можеме да видиме можност вакцината да ја добиеме за една година“, изјави Марко Кавалери, шеф на […]

Пание-Рунахер: Неприфатливо е „Санофи“ вакцината против Ковид-19 прво да и ја даде на САД


Откако главниот извршен директор на групата „Санофи“, Пол Хадсон изјави дека САД приоритетно ќе бидат услужени доколку се најде вакцина против Ковид-19, францускиот државен секретар за економија Ањес Пание-Рунахер, оцени дека тоа е „неприфатливо“, јави дописникот на МИА. -За нас би било неприфатливо ако има привилегиран пристап од една или друга земја под изговор дека […]

Англија одобри швајцарски крвен тест за откривање дали луѓето имале корона вирус


Здравствените власти во Англија одобрија тестови со кои се открива дали луѓето биле инфицирани со корона вирус или не. Заводот за јавно здравство на Англија вели дека тестот за антитела, кој го разви пвајцарската фармацевтска компанија „Роше“, е многу позитивно откритие, пишува Би-би-си. Со овој серолошки или крвен тест, микробиолозите трагаат по антитела во крвта […]

Зошто Монтреал е епицентар на епидемијата во Канада?


Се придржуваат до наредбите, а има голем број заразени и умрени. Монтреал е средиште на корона кризата во Канада, а покраината Квебек е седмото најсмртоносно место на светот по бројот на дневни смртни случаи, пренесе Гардијан. Монтреал, град кој туристичките водичи го прогласуваат за „Европа на Северна Америка“, поради својата богата култура и начинот на […]

Трамп го обвини „Гласот на Америка“ за „срамно информирање“


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници ја обвинија за „срамно известување“ Гласот на Америка, институција финансирана од САД и формирана во Втората светска војна заради емитување независни вести и промовирање на американските вредности. Советникот за комуникации на Трамп – Ден Скавино, на 9 април на Твитер објави текст на Гласот на Америка за Кина. […]

Европскиот суд на правдата ќе и суди денес на Унгарија за мигрантите


Европскиот суд на правдата денеска треба да донесе одлука за тоа дали Унгарија незаконски ги задржува барателите на азил во транзитна зона на нејзината граница со Србија, која не е членка на ЕУ, јави ДПА. Будимпешта се најде на удар од Брисел поради својот строг миграциски пристап, за кој постојано има забелешки пред Европскиот суд […]

Песков има билатерална пневмонија од Ковид -19


Русија – Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој се покажа позитивен на тестот за коронавирус, вели дека бил хоспитализиран со билатерална пневмонија, а тоа е, вели, кога имате воспаление на двете белодробни крила. Песков за рускиот весник „Комерсант“ изјави дека луѓето можат да бидат лекувани дома доколку имаат еднострана пневмонија, односно ако е зафатено […]