Носење заштитни маски на улица станува задолжително во Лос Анџелес


Носењето маски во Лос Анџелес на отворено сега е задолжително за сите лица над две години. Целта е да се помогне да се запре ширењето на корона вирусот. Тоа го изјави градоначалникот Ерик Гарсети.

– Носењето маски кога излегувате од дома помага во заштитата на луѓето со кои влегуваме во контакт. Бараме сите во Лоа Анџелес, освен малите деца или лицата со посебни потреби, да носат заштита за лицето, рече Гарсети

– Никогаш не знаете кога ќе се допрете до некој… Имајте ја маската со вас кога ќе го напуштите домот.

Заштитни маски веќе се задолжителни во работни затворени простории, додека се користи јавен превоз и на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.