Англија одобри швајцарски крвен тест за откривање дали луѓето имале корона вирус


Здравствените власти во Англија одобрија тестови со кои се открива дали луѓето биле инфицирани со корона вирус или не.

Заводот за јавно здравство на Англија вели дека тестот за антитела, кој го разви пвајцарската фармацевтска компанија „Роше“, е многу позитивно откритие, пишува Би-би-си.

Со овој серолошки или крвен тест, микробиолозите трагаат по антитела во крвта за да откријат дали лицето веќе било заразено со корона вирус и има одреден имунитет.

До сега државните функционери тврдеа дека овие тестови не се доволно доверливи, но се чини дека тестовите од Швајцарија успеаја да го им го сменат мислењето. Некои извори велат дека единствено овие тестови се сериозен потенцијал.

Стручњаците од владината институција „Партон Даун“ минатата седмица ги анализирале тестовите, велат од Заводот за јавно здравство на Англија, и заклучиле дека е „многу специфичен и добар показател на поминати инфекции“.

Швајцарската комапнија „Роше“ сега е во преговори со Министерството за здравство на Англија за можно воведување серолошки тестови во Националната здравствена служба на Обединетото кралство.

Здравствените власти на Шкотска, Велс и Северна Ирска носат сопствени одлуки, но веројатно ќе ги следат одлуките на Англија.

Швајцарскиот тест веќе има одобрение од медицинските регулатори во Европската Унија и САД.