Европската агенција за здравство: Вакцината за Ковид-19 за една година и тоа како оптимистичко сценарио


Вакцината против корона вирус може да биде подготвена за една година и тоа е оптимистичко сценарио, објави Европската здравствена агенција (ЕМЕА).

Оваа своја претпоставка Агенцијата ја темели на податоците добиени од голем број експерименти.

-Доколку се оди според планот, можеме да видиме можност вакцината да ја добиеме за една година“, изјави Марко Кавалери, шеф на тимот за откривање на вакцините.