Италијанскиот премиер се закани дека ќе излезат од ЕУ поради туристичките коридори


Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја критикуваше Европската Унија за планот за туристичката сезона која предвидува таканаречени зелени коридори меѓу земјите на ЕУ и се закани со излегување од Унијата поради ваквата стратегија.
Предложените туристички коридори би овозможиле на одредени земји со ниска стапка на зараза од Ковид-19 или они во значаен пад да пропуштаат посетители со неколку одбрани одредишта се до повторно отворање на границите. Односно, се работи за коридори меѓу земји во согласност со нивната епидемиолошка ситуација.
„Тоа нема да го допуштиме. Или ќе излеземе од Европската Унија“.:
„Не прифаќаме билатерални спогодби во ЕУ кои ќе створат повластени коридори за туристи“, рече вчера Конте за време на прес-конференцијата, а пренесе Си-ен-ен.
„Туризмот не може да биде условен со билатерални спогодби. Тоа нема да го дозволиме или ќе излеземе од ЕУ“, додаде истакнувајќи дека туризмот има 13 отсто удел во италијанскиот БДП.
Конте рече дека на претседателката на ЕК Урсула вон дер Лајен ѝ објаснил дека тие коридори ќе значат уништување на единствениот пазар на ЕУ.
Италијанскиот туристички сектор до крајот на оваа година може поради корона вирусот да изгуби 120 милијарди евра. Во несигурна  ситуација се и 420.000 работни места и 270.000 фирми кои се занимаваат со туризам и угостителство.
Италијанската влада издвои пет милијарди евра за поттикнување на секторот туризам и култура.