Германска вакцина против корона вирус: Животните развиле имунитет


Илустрација

 

Германската компанија „Кјурвак“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против новиот вид корона вирус предизвикала имуносен одговор кај животните на кои им е дадена помала доза.

Компанијата најави дека има намера да почне со испитување на луѓе во јуни и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки оговор на неутрализација на вируост SARS-CoV-2″.

Претприемачот Диетмар Хоп соосновач на „Кјурвак“ и сопственик на повеќе од 80 отсто од уделот, го потврди ова, пишува Ројтерс.

За вакцината зинтересирани се САД?

Според извештаите на медиумите, САД се обидуваат да дојдат до оваа вакцина, штп во март предизвика реакција во земјата и германските власти изразија желба компанијата да остане германска.

Раководството на „Кјурвак“ демантираше дека примиле понуда од САД.

Фабриката со седиште во Тибинген, која е поддржана од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, веќе порано најави дека се надева оти во мај или јуни ќе развие вакцина во таа мерка што ќе може да биде тестирана на луѓе.

Компанијата „Кјурвак“ користи таканаречен пристап на гласничка РНК, иско како и нејзините соперници „Бионтег“ и нивниот партнер „Физер“ и „Модерна“, кои веќе покренаа тестирање на луѓе. Компанијата „Транслејт био“ и нејзиниот партнер „Санофи“ исто така работат на вакцина која се темели на гласничка РНК.