Драматичен пораст на пиењето алкохол во Финска за време на корона кризата


Баровите и рестораните се затворени. Акохол се нарачува преку интернет, најмногу розе вино: Хелсинки

Статистиката открива дека продажбата на алкохол во Финска се зголемила за 23 проценти во април во однос на претходната година. Финскиот национален монопол за алкохолни пијалаци, Алко, забележа дека продажбата на виното розе се зголемила за 40 отсто тој месец, додека црвените и белите вина забележале раст од 35 и 28 проценти, соодветно.

Ако ништо друго, овие статистики покажуваат дека затворањето барови, ресторани, кафулиња и ноќни клубови, кое ќе трае до 31 мај, не ја намалило потрошувачката на алкохол. Во принцип, клиентите сега бараат стока преку интернет, при што продажбата на тој начин во април се зголеми за 110 проценти во однос на претходната година.

Иако зголемувањето на продажбата не може да биде добра вест за јавното здравство, сепак може да претставува мала награда за утеха на државата која се соочува со дефицит во буџетот, особено затоа што продажбата на алкохол придонесува приближно 1,5 милијарди евра во вкупниот годишен приход од данок.

Во ЕУ, Норвешка и Швајцарија, луѓето на возраст од 15 и повеќе години, просечно консумираат 11,3 литри алкохол годишно, според извештајот на СЗО објавен минатата есен.

Германците, Чесите и Литванците беа најголемите потрошувачи со повеќе од 13 литри годишно.

Кога станува збор за Финска, просекот падна малку на десет литри годишно. (Еурактив)