Кина намерно урна брана поради големите поплави


Властите во централна Кина рано утрово ја урнаа браната на реката Чуе во провинцијата Анхуи, по што нивото на водата се очекува да се спушти за повеќе од 70 сантиметри. Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, браната била урната со експлозив, со цел да се ослободи огромно количeство вода од неа, поради големите поплави низ целата […]

Меркел: Можно е самитот на ЕУ за буџетот да пропадне


Германската канцеларка Ангела Меркел во неделата рече дека е можно лидерите на ЕУ да не успеат да постигнат договор за буџетот и пакетот за обнова на самитот на Европскиот совет во Брисел. Говорејќи при пристигнувањето во зградата „Европа“, таа рече дека неделата ќе биде „решавачкиот“ ден за разговори. Европските лидери во саботата решија да го […]

Џонсон: Не сакам Британија повторно да се затвори поради Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака Велика Британија повторно да се затвори поради вирусот Ковид-19. Тој во интервју за „Сандеј телеграф“ рече дека не сака да наметне второ национално затворање и изолација во случај на втор бран на вирусот. Џонсон го спореди националното затворање и изолацијата со „нуклеарно одвраќање“ и додаде дека не […]

(Видео) Тројца пријатели масакрирани покрај езеро во Флорида


  Полицијата на Флорида истражува убиство на тројца блиски пријатели кои се претепани и убиени со огнено оружје. Тие во петокот отишле на ноќен риболов на езерото Стрити во Фростпруф, каде нивните тела се најдени. „Затекнавме ужасна сцена“, рече регионалниот шериф Грејди Џад за новинарите и додаде дека видел многу убиства, но дека ова е […]

Нов рекорден број на заразени со коронавирус во светот


Швајцарија – Бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 во светот бележи рекорден пораст веќе втор ден по ред, бидејќи за 24 часа се регистрирани 259.848 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација. Најголемем пораст има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во дневниот извештај на СЗО. Претходниот ден, регистрирани се 237.743 новозаразени. Бројот на […]

Научниците сметаат дека до крајот на векот на Земјата ќе има 8,8 милијарди луѓе


На Земјата во 2100 година ќе има 8,8 милијарди луѓе, две милијарди помалку од проценките на Обединети нации, според студија објавена во средата, што предвидува нов глобален биланс на моќ, како резултат на опаѓање на стапката на плодност и стареење на популацијата. До крајот на 21 век, во 183 од 195 земји, под услов да […]

Макрон, Меркел и Конте се заканија со санкции поради оружјето за Либија


Лидерите на Франција, Германија и Италија се заканија дека ќе воведат санкции за земјите што продолжуваат да го кршат ембаргото на Обединетите нации за извоз на оружје во Либија. „Ние, исто така, ги повикуваме сите странски актери да го прекинат нивното се поголемо мешање и целосно да го почитуваат ембаргото на Советот за безбедност на […]

Повеќето луѓе со корона вирус не го шират. Зошто тогаш малкумина заразуваат многу?


  Растечките докази покажуваат дека повеќето заразени луѓе не го шират вирусот. Но, дали ќе станете супер дистрибутер на вирусот веројатно зависи повеќе од околностите отколку од биологијата   На една роденденска забава во Тексас на 30 мај еден маж, наводно, заразил 17 членови на неговото семејство со корона вирус. Читајќи извештаи како овие, можеби […]

Британија го прекинува секојдневното објавување податоци за смртни случаи од Ковид-19


Англија– Властите во Велика Британија соопштија денеска дека привремено ќе го прекинат дневното објавување на најновите податоци за смртни случаи од Ковид-19 во таа земја. Британската Влада побара ревизија на методологијата за пресметување на бројот на починати, бидејќи експертите предупредија дека, поради начинот на кој досега се евидентираа смртните случаи во Англија, сликата на овој статистички […]

Соборната црква „Свети Сава“ во Виена во карантин


  Пандемијата од корона вирус не ги заобиколи ни свештениците на австриско-швајцарската епархија во виена, меѓу кои има заболени од Ковис-19. Управата на Соборниот храм „Свети Сава“ во виена ги извести сите верници дека црквата ќе биде затворена до 1 август. Причина е карантинот под кој е ставен хрампт откако позитивни на корона вирус се […]

САД: Погубна кавга околу носењето заштитна маска


Американскиот претседател не сака да воведе општоважечка обврска за носење маска во борбата против коронавирусот. По драматичниот раст на нови инфекции во земјата, расте критиката против кризниот менаџмент на Трамп   Во интервју за телевизија Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е за воведување обврска за носење заштитна маска во национални граници […]

Отворена истрага за подметнат пожар во катедралата во Нант


Јавното обвинителство на Нант отвори истрага за подметнување пожар во катедралата „Свети Петар и Павле“ во Нант, кој е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите. Пожарот беше забележан на три места, големата оргула и на двете страни на бродот на катедралата.   Како што јави дописникот на МИА од Париз, за отворањето на истрагата не […]

Самит на ЕУ: Мишел сака префрлање на 50 милијарди евра од грантови кон фондот за обнова


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел излезе со нов компромис предлог на самитот на ЕУ – да се префрлат 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ, објави Политико. Се очекува вкупниот износ на фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите ќе се намали на […]

Уапсен германскиот Рамбо: Повеќе од 2.400 полицајци го барале пет дена во шума


Германската полиција го уапси осомничениот за разоружување на четворица полицајци, познат по прекарот Рамбо, по пет дена потрага на Шварцвалд. Ив Рауш во неделата побегнал во шума во близина на градот Опенау, на југозападот на Германија, откако разоружал четворица полицајци. Во потрагата по него учествувала елитна единица, хеликоптери и кучиња трагачи, а користени биле и […]

СЗО: Вчера имало најголем број новозаразени со Ковид-19


  Светската здравствена организација извести дека во петокот во светот забележани се рекордни 237.743 случаи со коорна вирус. Најголемо зголемување на нови случи има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, објави СЗО во дневниот извештај. Претходно рекордот беше 230.370, а е забележан на 12 јули. Бројот на смртни случаи остана постојан на просечните 5.000 […]

Британија: Тест за антитела на Ковид-19 за 20 минути, прецизен 98,6 отсто


Британските министри планираат да поделат милиони тестови за антитела на новиот коронавирус откако верзијата на тестот, поддржан од британската Влада, ги помина првите големи анализи. Тоа е тест што анализира крв од прст за 20 минути и открива со 98,6 проценти точност дали некое лице било изложено на вирусот САРС-КоВ-2. Ова го покажаа тестовите спроведени […]

Во Германија 529 нови случаи на корона вирус


  Во германија во последните 24 часа регистрирани се 529 нови случаи со корона вирус, со што вкупниот број се искачи на 201.372, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Почина едно лице, па вкупниот број починати сега изнесува 9.083, пренесе Ројтерс.

Не запираат протестите против Путин во Хабаровск


Десетици илјади луѓе во рускиот град Хабаровск на Далечниот исток маршираа на недозволениот протест во саботата на 18 јули против апсењето на локалниот гувернер. Видеата од настанот покажаа огромна толпа што оди низ главната улица во регионалниот главен град и се собира на нејзиниот главен плоштад за да побара ослободување на гувернерот на Хабаровск Краи, […]

(Видео) Пожарот во катедралата во Нант е под контрола


Пожарот што избувна во готската катедрала во францускиот град Нант денеска е под контрола, соопштија официјални лица. Според нив, штетата не е споредлива со минатогодишниот пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз. – Штета е направена на органата што се чини дека е целосно уништена. Платформата е многу нестабилна и може да пропадне, изјави регионалниот пожарникарски […]

Извршена трета смртна казна за една недела во САД


САД – Оваа недела беше извршена трета федерална смртна казна во САД. Дастин Ли Хонкон (52) беше егзекутиран со смртоносна инекција во централната држава Индијана. Студент по хемија, кој станал шверцер на дрога и шеф на дистрибуција на метамфетамин мрежа, Хонкон во 1993 година убил пет лица, меѓу кои и две девојчиња на возраст од 6 […]